Bosch EasyGrassCut 26 (0.600.8C1.J00) Руководство по эксплуатации онлайн [238/340] 768904

Bosch EasyGrassCut 26 (0.600.8C1.J00) Руководство по эксплуатации онлайн [238/340] 768904
238 | Македонски
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте
го кај квалификувано лице кое
користи само идентични
резервни делови. Со ова се
овозможува безбедно одржување
на електричниот алат.
u Никогаш не поправајте оштетени
сетови на батерии. Поправката на
сетови на батерии треба да ја врши
само производителот или овластен
сервис.
Безбедносни напомени за уредот
Ракување
u Ракувачот мора да ракува со
уредот во склад со прописите. При
ракувањето со уредот мора да ги
земе пред вид конкретните услови.
При работата мора да внимава на
другите личности, а посебно на
децата.
u Не дозволувајте им на деца,
личности со ограничени физички,
сензорни или психички
ограничувања и/или недостаток на
знаење или на личности
незапознаени со ова упатство да го
употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
u Децата треба да бидат под надзор
да не си играат со уредот.
Примена
u При работа држете го уредот
цврсто со двете раце и стојте на
сигурна подлога. Со уредот
безбедно се ракува со две раце.
u Почекајте уредот потполно да
застане пред да го спуштите.
u Никогаш не користете го уредот со
дефектен заштитен капак или
друга заштита, или без заштита.
Внимавајте сите заштитни
елементи да се правилно
монтирани. Никогаш не
употребувајте го уредот ако не е
комплетен или ако на него се
извршени неовластени поправки.
u Никогаш не употребувајте го
уредот ако кабелот е оштетен или
дотрошен.
u Никогаш не менувајте ги
неметалните елементи за сечење
со метални.
u Никогаш не поправајте го уредот
сам, дури ни кога сте за тоа
квалификувани.
u Другите лица и животни мораат да
бидат оддалечени на соодветно
растојание кога уредот работи.
Ракувачот е одговорен за трети
лица во полето на работа.
u Почекајте главата за сечење во
потполност да застане пред да ја
допрете. Главата за сечење
продолжува да се врти и по
гасењето на моторот и може да
предизвика повреди.
u Работете само при дневна
светлина или при добро
осветлување.
F 016 L81 799 | (24.10.2018) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать