Bosch Quigo III Инструкция по эксплуатации онлайн [112/182] 818870

Bosch Quigo III Инструкция по эксплуатации онлайн [112/182] 818870
112 | Македонски
1 609 92A 2ZT | (23.6.16) Bosch Power Tools
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни
и не погледнувајте директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите лицата, да
предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги
затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските
очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван
стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин
ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без
надзор. Може да ги заслепат другите лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот
уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не го принесувајте мерниот уред во близина на
пејсмејкери. Магнетот во внатрешноста на мерниот уред
создава поле, кое може да ја наруши функцијата на
пејсмејкерите.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетски носачи на податоци
и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да
дојде до неповратно губење на податоците.
OBJ_BUCH-2639-003.book Page 112 Thursday, June 23, 2016 2:10 PM

Содержание

Скачать