Bosch Quigo III Инструкция по эксплуатации онлайн [117/182] 818870

Bosch Quigo III Инструкция по эксплуатации онлайн [117/182] 818870
Македонски | 117
Bosch Power Tools 1 609 92A 2ZT | (23.6.16)
За исклучување на мерниот уред, притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 надолу над излезниот отвор за ласерот 5. При
исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само доколку го
користите.
Автоматика за нивелирање
За да работите со автоматика за нивелирање, поставете го мерниот уред на
хоризонтална, цврста подлога и прицврстете го на држачот 16 или на
стативот 11.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е
завршено штом ласерските линии не трепкаат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи долната
страна на мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата или
мерниот уред се држи слободно во рака, тогаш ласерските линии трепкаат
постојано во брз такт и мерниот уред работи без автоматика за нивелирање.
Ласерските линии остануваат вклучени, а двете вкрстени линии не мора да
се една кон друга во прав агол. За да обезбедите паѓање на двете ласерски
линии под прав агол една кон друга, позиционирајте го мерниот уред
ортогонално кон ѕидот.
За повторно да работите со автоматиката за нивелирање, позиционирајте го
мерниот уред, така што долната страна ќе биде хоризонтално центрирана и
почекајте го самонивелирањето. Штом мерниот уред ќе се најде и израмни
во полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии повторно светат
непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот
уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање,
OBJ_BUCH-2639-003.book Page 117 Thursday, June 23, 2016 2:10 PM

Содержание

Скачать