Bosch UniversalGardenTidy 2300 06008B1002 Инструкция к товару онлайн [152/218] 840477
![Bosch UniversalGardenTidy 2300 06008B1002 Инструкция к товару онлайн [152/218] 840477](/views2/2075600/page152/bg98.png)
152 | Македонски
Модул за смукање Модул за дување
– Несигурност K m/s
2
= 1,5 = 1,5
Модул за дување
Монтажа (види слика B)
u Пред било какви интервенции уредот исклучете го
од напојување.
Ставете ја млазницата (12) на моторната единица.
Внимавајте да не си ги потфатите прстите при монтажата.
Ставете ја млазницата (4) на моторната единица. Сега
ставете го заштитниот капак (4) во зглобот на моторната
единица. Поставете го заштитниот капак (4) на моторната
единица за безбедност и зашрафувајте ја со завртката за
прицврстување(3) додека се слушне да кликне.
Ракување (види слики C и D)
Внимавајте да не го потфатите кабелот при работата.
За вклучување, завртете го прекинувачот (1) во насока
на стрелките на часовникот додека да кликне.
Јачината на дувањето е варијабилна. За зголемување на
јачината на дувањето, свртете го прекинувачот (1) во
насока на стрелките на часовникот.
За намалување на јачината на дувањето, свртете го
прекинувачот (1) спротивно од стрелките на часовникот.
За исклучување, завртете го прекинувачот (1)
спротивно од стрелките на часовникот додека да кликне.
Поставете го прекинувачот (1) на производот на „0“,
пред да го исклучите од напојување.
Демонтажа (види слика E)
u Пред било какви интервенции уредот исклучете го
од напојување.
Притиснете го копчето (11) и извадете ја млазницата
(12) .
Олабавете ја завртката за прицврстување (3). Отстранете
го заштитниот капак (4) и чувајте го.
Модул за смукање
Монтажа (види слики F и G)
u Пред било какви интервенции уредот исклучете го
од напојување.
Склопете ги трите дела на вшмукувачот (7). Внимавајте
да не си ги потфатите прстите при монтажата.
Монтирајте го вшмукувачот (7) на моторната единица.
Сега ставете го вшмукувачот (7) во зглобот на моторната
единица. Подигнете ја цевката од вшмукувачот (7) и
зашрафувајќи ја со завртката за прицврстување,
зацврстете ја за заштитиниот капак (3) додека се слушне,
да кликне.
Монтирајте ја собирната вреќа (10) на моторната
единица и закачете ги копчињата на собирната вреќа со
куките на вшмукувачот. Внимавајте да не си ги потфатите
прстите при монтажата.
Монтажа на ременот за носење (види слика H)
Прицврстете го ременот за носење (9) на двете куки (8)
на алките на ременот за носење (13). Поставете го
ременот (9) така, за да ја држи тежината на уредот и да
можете добро да го држите.
Монтирање и поставување на рачката (види
слики I и J)
За монтажа на рачката, поставете ја рачката (5) на
држачот во цевката, потоа вртете ја завртката (6) низ
рачката и цврсто повлечете ја.
Ѕа подесување на аголот, олабавете ја завртката (6) и
наместете го нагоре или надолу во саканата работна
позиција и потоа повторно повлечете ја завртката (6) за
да ја прицврстите.
Ракување (види слики K, L и M)
Пазете се од можните опасности како што се кабелот или
оставен производ без надзор. Внимавајте да не го
потфатите кабелот при работата. Прицврстете го кабелот
на држачот за кабел од страната на дополнителната
рачка. (види слика K)
За вклучување, завртете го прекинувачот (1) во насока
на стрелките на часовникот додека да кликне.
Јачината на дувањето е варијабилна. За зголемување на
јачината на дувањето, свртете го прекинувачот (1) во
насока на стрелките на часовникот.
За намалување на јачината на дувањето, свртете го
прекинувачот (1) спротивно од стрелките на часовникот.
Насочете го уредот кон предметите кои сакате да ги
усисате. Ако не се собираат/мрдаат, зголемете ја
јачината на дувањето.
За исклучување, завртете го прекинувачот (1)
спротивно од стрелките на часовникот додека да кликне.
Поставете го прекинувачот (1) на производот на „0“,
пред да го исклучите од напојување.
Демонтажа (види слики N и O)
u Пред било какви интервенции врз уредот
исклучете го од напојување.
За празнење на собирната вреќа (10), притиснете го
копчето (11) и извадете ја вреќата (10) одтаму.
Отстранете ги копчињата од вшмукувачот (7). Отворете
го патентот и по потреба испразнете ја вреќата (10).
За демонтажа притиснете го копчето (11) и извадете ја
собирната вреќа (10) надвор. Отстранете ги копчињата
од вшмукувачот (7). Внимавајте да не си ги потфатите
прстите при монтажата.
F 016 L94 484 | (20.07.2022) Bosch Power Tools
Похожие устройства
- Laski VD440/25 2000059001568 Инструкция к LASKI VD440/25 2000059001568
- Laski VD500P 2000059001575 Инструкция к LASKI VD500P 2000059001575
- Patriot PT BV2000E 755302451 Деталировка EAN8 20010454
- Patriot PT BV2000E 755302451 Инструкция по эксплуатации
- Ryobi RBV3000CESV 5133002190 Инструкция к Ryobi RBV3000CESV 3002190
- Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546 Инструкция к Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546
- Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-150 5133005666 Инструкция к Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546
- Grillo FD 220R 8RR5P Инструкция к товару
- Grillo FD 220R 8RR7C Инструкция к товару
- Grillo FD 450 c фронтальной декой и встроенным травосборником 8Y5AH Инструкция к товару
- RedVerg RD-SM243 6656122 Инструкция к REDVERG RD-SM243 6656122
- НЕВА Мототехника МТ1-ZS(GB420) 4650002230521 Руководство по эксплуатации
- НЕВА Мототехника МТ1-ZS(GB420) 4650002230521 Руководство двигатель
- Fachmann Garten Beginn 3/4", 25 м 05.016 Паспорт шланга Garten Beginn 3/4 25
- ООО "Фотон" КОПЕНГАГЕН цвет орех 4627074043212 Инструкция по сборке стола
- Era ERASF012-34 Факел, 50 см Б0044242 Паспорт
- Park скобы 10000 шт., лента 30 м 00 6395 Инструкция
- Cub Cadet с сиденьем LT3 PR105 105 см B&S 13HT71DN603 Руководство пользователя
- Cub Cadet XT3 QS137 14AIA5CA603 Инструкция к Cub Cadet XT2 PS117I 13BZA1CN603
- Evoline TRG84CH Инструкция