KRAUSE TELEVARIO 4x4 122162 Инструкция к товару онлайн [145/159] 841794

KRAUSE TELEVARIO 4x4 122162 Инструкция к товару онлайн [145/159] 841794
7. BG 1223 да не се користи со извлечени двострани продолжувања.
8.
BG 1220 + 1221 (4 x 3) Горнот дел да не се користи како платформа.
9. Редовно намачкајте ги споеви
Елемент(и) на скалата: Точки за проверка: да/не
1. Општи точки за
проверка
Сите прицврстувања (навртки, завртки, нитни, итн.) мора
да бидат комплетни. Дали можеби прицврстувањата се
лабави или кородирани? Дали на скалата се присутни
нечистотии (на пример, кал, лак, масло или маст)?
2. Штици на скалата/
скалила т.е.
нивоа на скалата/
безбедносни
држачи
Сите скалила на скалата (нивоа) мора да се
достапни во целост. Дали штиците на скалата,
нивоата на скалата или безбедносните држачи
можеби се свиткани, извртени, избушени, напукнати
или кородирани? Дали платформата (ако постои)
или деловите/прицврстувањата се оштетени или
кородирани или недостасуваат?
3. Елементите за
прицврстување,
шините, спојки
3Проверете ги шините, спојките и сигурнопсните
уреди за функционалност и цврстина, како и за
оштетување и корозија. Дали можеби уредите за
заклучување или сигурносните уреди или аголните
затегнувања се оштетени, изгубени или кородирани,
или целосно недостасуваат?
4. Ногарки,
напречен дел
Проверете ги ногарките, напречниот дел за
функционалност и цврстина, како и за оштетување и
корозија. Мора да бидат достапни сите ногарки/крајни
капачиња на скалата. Дали ногарките на скалата се
лабави, истрошени или кородирани?
5. Ознаки на скалата/
Упатство за работа
и ракување
Дали се достапни и читливи сите ознаки на скалата?
7. Одржување/поправка: Негата и одржувањето на скалата треба да го осигураат
нејзиното правилно функционирање. Скалата мора редовно да се проверува за
оштетување. Мора да се осигури функцијата на подвижните делови. Подвижните делови
мора редовно да се подмачкуваат. Поправките на скалата мора да ја врши стручно лице
и во согласност со упатствата на производителот. Чистењето на скалата при видливи
нечистотии, особено на сите подвижни делови, треба да се врши веднаш по употребата.
Користете само комерцијални детергенти растворливи во вода. Не користете агресивни
абразивни средства. Во случај на комерцијална употреба на скалата, задолжителна
е редовна, повторлива проверка на законски соодветната состојба од страна на
квалификувано лице (визуелна и функционална проверка). Притоа се наведуваат видот,
обемот и роковите на потребните проверки. Временските интервали за испитувањето
се одредуваат според условите за работа, особено според зачестеноста на употреба,
оптоварувањето за време на употребата и зачестеноста и сериозноста на откриените
недостатоци за време на претходните проверки. Претприемачот, исто така, мора да се
осигура дека неисправната скала е тргната од употреба и се чува на начин така што не
можа да се употребува повторно додека не биде соодветно поправена или отстранета.
Скачать