Bosch GCM 8 SDE 0.601.B19.200 Инструкция к товару онлайн [311/431] 850968
![Bosch GCM 8 SDE 0.601.B19.200 Инструкция к товару онлайн [311/431] 850968](/views2/2087358/page311/bg137.png)
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (54).
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (13) на
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата (види слика E)“, Страница307).
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика R)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина (32) кон надвор.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (4), додека крајот
на завртката не го допре граничникот за длабочинa
(32).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Проверка и подесување на основните
поставки
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
u Никогаш не го активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (напр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин
што, запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (40).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика S2)
– Свртете ја завртката за подесување (56) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целокупната должина на линијата на сечење
на делот што се обработува.
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
Вертикален стандарден агол на закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика T1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување (види слика T2)
– Олабавете го затезниот лост (41).
– Притиснете го граничникот (44) сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
(58) со обичен прстенест или вилушкаст клуч
(10mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост (41).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (58).
Доколку по подесувањето агломерот (31) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (30), олабавете ја завртката
(57) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Вертикален стандарден агол на закосување 45° (лево)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива гранична водилка (15)
(види „Поместување на граничната водилка“,
Страница307).
– Свртете го левиот граничник (29), додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Олабавете го затезниот лост (41).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево,
додека завртката-граничник (59) не налегне на
граничникот (29).
Македонски | 311
Bosch Power Tools 1 609 92A 3UK | (07.08.2018)
Похожие устройства
- Bosch GCM 8 SJL Professional 0.601.B19.100 Инструкция к товару
- Bosch PCM 7 S 0.603.B01.300 Инструкция к товару
- Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару
- Deko DKMS2000-255 Laser 063-4315 Руководство по эксплуатации
- Deko DKMS2200-255 Laser 063-4218 Инструкция по эксплуатации
- Dewalt 54V XR FLEXVOLT DCS778N Инструкция к товару
- Dewalt D 27111 Инструкция к Dewalt D 27111
- Dewalt DW 711 Инструкция к Dewalt DW 711
- Dewalt DW 712 Инструкция к товару
- Dewalt DW 713 Инструкция к товару
- Dewalt DW 717XPS Инструкция к товару
- Dewalt 1600 Вт DWS713 Инструкция к товару
- Dewalt DWS 778 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.3М-210 10062010 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.4М-210 10062020 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.6М-255 10062040 Инструкция к товару
- DWT KGS18-255 P 5.1.21 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2131/1 Dual 4300390 Инструкция к Einhell TC-SM 2131/1 Dual
- Einhell tc-sm 2531/2 u, 1900 вт, 254x30 мм, пропил 310x70 мм, со станиной 4300805 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2534/1 Dual 4300395 Инструкция к товару