Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару онлайн [255/335] 850971
![Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару онлайн [255/335] 850971](/views2/2087361/page255/bgff.png)
Македонски | 255
– Запорни завртки за подножјето (g) (26 x)
– Навртки со прирабница (h) (30 x)
– Завртки за прицврстување на електричниот алат (j) (4
x)
– Подлошки (k) (4 x)
Напомена: Проверете дали електричниот алат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Прстенест или вилушкаст клуч (12 mm) за монтажа на
подножјето
Монтажа на поединечните делови
– Заради олеснување на работата, при монтажата
внимавајте на испорачаните елементи на уредот,
бидејќи електричниот алат е во транспортна позиција.
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Монтирање на држачот за заштита од превртување
(види слика A)
Пред првата употреба на електричниот алат мора да го
монтирате држачот за заштита од превртување (30).
– Свртете го електричниот алат и внимателно поставете
го на заштитниот капак (4) и на масата за пила (8).
– Вметнете го држачот за заштита од превртување (30)
во предвидените отвори на основната плоча, додека
не се израмнат навојните отвори на држачот за
заштита од превртување и основната плоча.
– Вметнете ги завртките за прицврстување (42) во
навојните отвори и затегнете ги со испорачаниот клуч
со внатрешна шестаголна глава (38).
– Свртете го електричниот алат, така што повторно ќе
стои во правилна позиција за работа.
u Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од
превртување. Без заштитата од превртување,
електричниот алат нема да биде стабилен и може да се
преврти при сечење на максимални агли на
закосување.
Монтирање на стационарни продолжетоци на масата
за пила (види слика B)
Стационарните продолжетоци на масата за пила (17)
мора да се прицврстат на левата и десната страна на
масата за пила (8) со електричниот алат.
– Вметнете по еден продолжеток на масата за пила (17)
со завртките за прицврстување (16) на предната
страна во прифатите (34) на електричниот алат.
– Затегнете ги завртките за прицврстување (16) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава
(38).
Фиксна или флексибилна монтажа
u За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа без подножје (види слика C)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (9).
Флексибилна инсталација (не се препорачува!) (види
слика D)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот алат на рамна и стабилна
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување.
u Без заштитата од превртување, електричниот алат
нема да биде стабилен и може да се преврти при
сечење на максимални хоризонтални и/или
вертикални агли на закосување.
– Свртете ја заштитата од превртување (12) навнатре
или нанадвор додека електричниот алат не застане
рамно на работната површина.
PCM 8 ST: Монтажа со подножје (види слика F1−F6)
– Ставете по едно пластично капаче на профилот на
ногарките (F).
– Вметнете по две запорни завртки (g) низ долг профил
на ногарки (F), низ краток профил на ногарки (C) и
низ краток профил за поврзување (E). Лабаво
осигурете ги запорните завртки со навртки со
прирабница (h).
– Поврзете втора ногарка (долг профил на ногарки (F),
краток профил на ногарки (C) со краткиот профил за
поврзување (E). Лабаво осигурете ги запорните
завртки со навртки со прирабница (h).
– Повторете ги двата претходни чекори со останатите
профили (F),(C),(E).
– Страничните делови на подножјето поврзете ги
соодветно со долг профил за поврзување (D). Лабаво
осигурете ги запорните завртки со навртки со
прирабница (h).
– Поставете ги долгите профили на глава (A) на
профилите на ногарки (C) и прицврстете ги со
подножјето.
Bosch Power Tools 1 609 92A 4DT | (06.12.2018)
Похожие устройства
- Deko DKMS2000-255 Laser 063-4315 Руководство по эксплуатации
- Deko DKMS2200-255 Laser 063-4218 Инструкция по эксплуатации
- Dewalt 54V XR FLEXVOLT DCS778N Инструкция к товару
- Dewalt D 27111 Инструкция к Dewalt D 27111
- Dewalt DW 711 Инструкция к Dewalt DW 711
- Dewalt DW 712 Инструкция к товару
- Dewalt DW 713 Инструкция к товару
- Dewalt DW 717XPS Инструкция к товару
- Dewalt 1600 Вт DWS713 Инструкция к товару
- Dewalt DWS 778 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.3М-210 10062010 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.4М-210 10062020 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.6М-255 10062040 Инструкция к товару
- DWT KGS18-255 P 5.1.21 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2131/1 Dual 4300390 Инструкция к Einhell TC-SM 2131/1 Dual
- Einhell tc-sm 2531/2 u, 1900 вт, 254x30 мм, пропил 310x70 мм, со станиной 4300805 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2534/1 Dual 4300395 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 254 4300385 Инструкция по эксплуатации
- Einhell TE-SM 2131 Dual 4300860 Инструкция к товару
- Einhell TE-SM 216 Dual 4300865 Инструкция по эксплуатации