Bosch ANGLE EXACT 8 0.602.490.651 Инструкция к товару онлайн [242/414] 853697
![Bosch ANGLE EXACT 8 0.602.490.651 Инструкция к товару онлайн [242/414] 853697](/views2/2090426/page242/bgf2.png)
242 | Македонски
u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш
не го користете кабелот за носење, влечење или
исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри
ивици или подвижни делови. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
удар.
u При работа со електричен алат на отворено,
користете продолжен кабел соодветен за
надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува
ризикот од струен удар.
u Ако мора да работите со електричен алат на влажно
место, користете заштитен уред за диференцијална
струја (RCD). Користењето на RCD го намалува
ризикот од струен удар.
Лична безбедност
u Бидете внимателни, внимавајте како работите и
работете разумно со електричен алат. Не
користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати
може да доведе до сериозна лична повреда.
u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат
за соодветни услови, ќе доведат до намалување на
лични повреди.
u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали
прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во
струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот. Носење на електричните алати со
прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.
u Отстранете каков било клуч за регулирање или
француски клуч пред да го вклучите електричниот
алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе
до лична повреда.
u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
u Ако се користат поврзани уреди за вадење
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
u Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
u Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
u Не користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
u Одржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
u Електричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
u Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
1 609 92A 4V1 | (05.03.2019) Bosch Power Tools
Похожие устройства
- Вихрь , белый 74/4/5 Руководство пользователя
- VIEGA Advantix Vario модель 4965.14 90 градусов, 290x290 мм 00000032494 паспорт
- Промрукав д20 5шт PR.07420м эскиз изделия
- Лидер мойка из нержавеющей стали, нагреватель воды, бак 22 л, белый 010025 Паспорт
- Лидер мойка из нержавеющей стали, нагреватель воды, бак 22 л, бежевый 010026 Паспорт
- Rodcraft 2235 8951000286 Инструкция к товару
- Лидер мойка из пластика, нагреватель воды, бак 22 л, антик медь 010023 Паспорт
- Uni-Fitt НВ 3/4"ЕК х 3/4"ЕК радиаторный, со встроенными кранами, 2-трубная система 193N3300 Инструкция к Uni-Fitt 196N3011
- Uni-Fitt перекрёстный, НВ 3/4" х 3/4"ЕК, радиаторный, с вентилями, ниппелями и адаптерами 197N3011 Инструкция к Uni-Fitt 196N3011
- WATTS нижнего подключения радиаторов ECK 10001886 Инструкция к Watts DG 10001885
- Lucky Guy 60x50x30x5 мм, цинк 500 02 6050 30 313 0р Угловой вертикальный соединитель профиля 60х50х30х5
- BEARTAG на усиленном скотче, бежевый, 4 шт. + спиртовая салфетка S.CG1.2.4 Инструкция
- BEARTAG на усиленном скотче, цвет: черный , 4 шт. + спиртовая салфетка S.CG1.4.4 Инструкция
- Квт УР-110 серия ПРОФИ 89258 Паспорт
- Квт УР-110 серия ПРОФИ 89258 Отказное письмо
- MPF ИС.072238 Чертеж
- ТехноСталь УП-1-160 F146025 Инструкция
- MPF ИС.072241 Чертеж
- Лидер мойка пластик, нагреватель воды, бак 17 л, бежевый Паспорт
- Valtec VTp.751.0.050 Инструкция к Valtec VTp.776.S.020