Metalac Sirius MB P120 W 9289 368386 Инструкция к товару онлайн [10/40] 857522
![Metalac Sirius MB P120 W 9289 368386 Инструкция к товару онлайн [10/40] 857522](/views2/2094667/page10/bga.png)
MK
10
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА
Бојлерот се приклучува на електричната мрежа према важечките стандарди за електрична инсталација, и тоа
со помош на приклучен проводник 3х1 mm H05VV. Пред вклучување на напојниот кабел, потребно е да се одвртат
двата штрафа и да се отстрани заштитната капа на бојлерот. Бојлерот не поседува уред со кој трајно би можело да се
исклучи од електричната мрежа. Елементот за раздвојување на сите полови од напојната мрежа треба да е вграден во
електричната инсталација во склад со националните инсталациони прописи. Такви средства за раздвојување мораат
да се наоѓаат во електричната инсталација.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред секоја интервенција на електричниот загревач на вода, задолжително е уредот
да се исклучи од електричната мрежа.
!
РАКУВАЊЕ, КОНТРОЛА И ОДРЖУВАЊЕ НА БОЈЛЕРОТ
После вклучување на водоводната и електричната мрежа, бојлерот е спремен за употреба.
Кај типот на бојлери без надворешна регулација (без копче на капакот), температурата на водата во бојлерот
ја регулира фабрички подесен термостат. Се препорачува подесената температура да не се менува (t=55°C)
бидејќи при истата потрошувачката на електрична енергија е најекономична, а таложењето на бигор најмало.
Доколку корисникот, сепак, сака да ја промени температурата на загревање на водата, потребно е да го исклучи
бојлерот од електричната мрежа, да ја извади заштитната пластична капа од долната страна на бојлерот и со вртење
на пластичното копче, директно на термостатот, да го намали или зголеми степенот на загревање на водата во опсег
од 20 до 70±5°C.
Кај типот на бојлери со надворешна регулација , со вртење на копчето на термостатот ја задаваме температурата
на која сакаме да ја загрееме водата. Тоа подрачје се движи од 20 до 70±5°C. Улогата на термостатот е автоматски
да са прекине струјното коло кога ќе се постигне зададената (саканата) температура на водата. С додека трае
загревањето сигналната лампа свети, а се гасне по достигнување на избраната температура. Бојлерите имаат вграден
термопокажувач со метална капа и биметал кој ја покажува температурата на водата.
Доколку бојлерот не се користи подолго време, препорака е да се исклучи од електричната мрежа. Ако постои опасност
од смрзнување на водата во него, истиот да се испразни. Задолжително да се придржува на препораките за сервисирање
на бојлерот кои се наведени во ова упатство. Со цел поефикасна работа на бојлерот потребно е да се врши периодична
контрола и чистење на грејачот на вода од наталожениот бигор. Кај овие интервенции потребно е да се испушти водата
од казанот. Во склад со европскиот пропис CEN/TR 16355 кој дава насоки за спречување и размножување на легионела,
бактерија која е природно присутна во сите изворски води, НЕ Е препорачливо водата долго да стои во бојлерот а да не
се користи. Во тој случај бојлерот треба да се празни најмалку еднаш неделно. Со иста цел, еднаш месечно треба да
се изврши термичка дезинфекција на казанот така што работниот термостат ќе се подеси на максимална температура.
За празнење на електричниот акумулационен бојлер треба да се направи следното:
– Да се исклучи бојлерот од електричната мрежа
– Да се затвори вентилот на доводот на ладна вода
– Да се отвори славината за топла вода
– Да се одврти сигурносниот вентил кој е вграден на доводот на ладна вода и да се почека водата да истече од бојлерот.
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред секоја интервенција на електричниот загревач на вода, задолжително е уредот
да се исклучи од електричната мрежа.
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Непосредно пред користењето на топлата вода од бојлерот, задолжително да се
исклучи напојувањето од електричната мрежа.
Доколку се користат хемиски средства за растварање на бигор, тие не смеат да дојдат во допир со Мg-анодата (анодата
се вади). После чистењето, казанот се плакне и повторно се полни со вода.
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: После интервенција на бојлерот( замена на грејач, чистење на грејачот, замена
и контрола на истрошеноста на Mg анодата и сл.), уредот не смее да се вклучува се додека термостатот,
проводниците и другите електро компоненти не се во потполност суви.
ПОСТАПКА ПОСЛЕ УПОТРЕБА
Акумулационите бојлери и амбалажата се изработени од материјали кои се рециклираат. Со рециклажа
на материјалите го намалуваме отпадот и потребата за производство на основни материјали (на
пример метали) за кои е потребна огромна енергија и предизвикува испусти на штетни материи. Со
рециклажните постапки се намалува потрошувачката на природни ресурси бидејќи отпадните делови од
пластика и метал повторно ги враќаме во различни производни процеси. После употребата забрането е
да се одлагаат акумулационите бојлери како неразврстен комунален отпад. Пред одлагањето во отпад,
задолжително да се раздвојат пластичните, гумените и електронските елементи од металните, да се
класифицираати одлагаат за рециклажа или за комунален отпад според важечките локални прописи на
градот/ општината. Задолжителното одвоено собирање на отпадната опрема и управување со отпадот
е единствен начин кој обезбедува исполнување на условите за заштита на животната средина.
Похожие устройства
- Metalac Sirius MB P120 Wi 9293 368390 Инструкция к товару
- Nofer TOP 80 Инструкция к Nofer TOP 80
- SAVITR Monoblock 12X220/380В, 12кВт M1EB3SM012X паспорт
- SAVITR Monoblock 15X220/380В, 15кВт M1EB3SM015X паспорт
- VilTerm S10 чёрный, природный газ, 1.3 кПа 00-00003789 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S11 чёрный, природный газ, 1.3 кПа 00-00003769 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S13 чёрный, природный газ, 1.3 кПа 00-00003802 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S13 серебро, природный газ, 1.3 кПа, т/о 1103-17.000 00-00002604 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S13 с т/о 1103-17.000 сжиженный газ 00-00002595 Инструкция по эксплуатации
- Петромаш ЭВБО 15/1.25Н нержавеющая сталь, 15 л 59585 Руководство по эксплуатации
- Петромаш ЭВБО 15/1.25Н нержавеющая сталь, 15 л 59585 Руководство по эксплуатации, стр.2
- Петромаш ЭВБО 20/1.25Н нержавеющая сталь, 20 л 61710 Руководство по эксплуатации, стр.1
- Петромаш ЭВБО 20/1.25Н нержавеющая сталь, 20 л 61710 Руководство по эксплуатации, стр.2
- Philips AWH1603/51(100DA) Руководство по эксплуатации
- Philips AWH1613/51(100YA) Руководство по эксплуатации
- Philips AWH1618/51(100YB) Руководство по эксплуатации
- Philips AWH1623/51(100YC) Инструкция по эксплуатации
- Kotitonttu SUARI S10 00-00000082 Паспорт на колонку S10
- Kotitonttu SUARI S12 FT 00-00000088 Паспорт колонка S12FT
- Kotitonttu SUARI S13 ST 00-00000086 Паспорт колонка S12FT