Metalac Sirius MB P120 W 9289 368386 Инструкция к товару онлайн [8/40] 857522
![Metalac Sirius MB P120 W 9289 368386 Инструкция к товару онлайн [8/40] 857522](/views2/2094667/page8/bg8.png)
MK
8
ТЕХНИЧКО УПАТСТВО
Електричните акумулациони бојлери произведени се за работа под притисок на водата од водоводната мрежа.
Апаратот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени психофизички способности,
освен ако истите не се под надзор на лица кои одговараат за нивната безбедност, односно оние лица кои не се обучени
за употреба на апаратот. Не треба да се дозволи употреба на бојлерите на несоодветен начин, од страна на деца. Овој
апарат може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години, како и лица со намалени физички, сензорни или
ментални способности, или недостиг на искуство и знаење, доколку добиле надзор или упатства во врска со употребата
на уредот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста. Изработени се во склад со важечките стандарди и
испитани кај акредитирани установи, од кои поседуваат соодветен атест.Основните технички карактеристики дадени се
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Електричните акумулациони бојлери се од затворен тип, предвидени се за
работа под притисок од водоводната мрежа и при монтажа ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ВГРАДУВАЊЕ НА
СИГУРНОСЕН ВЕНТИЛ НА ЦЕВКАТА ЗА ЛАДНА ВОДА.
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Деца помали од 8 години ни во еден случај не смеат да го користат уредот.
!
МОНТАЖА
Приклучување на бојлерот на водоводната и електричната мрежа според дадените шеми може да изврши професионално
оспособено лице со важечките национални прописи за инсталација или овластен сервис. Бојлерите се зацврстуваат на
ѕидот со помош на 2 или 4 штрафа М8. Тенките и слаби ѕидови потребно е да се зајакнат пред монтажа на бојлерот.
Доколку на ѕидот веќе постои адаптер од бојлер од друг производител, бојлерот може да се закачи на постојниот адаптер.
Казанот е изолиран со квалитетна полиуретанска изолација, со што е обезбедено загреаната вода да се одржи подолго
време топла. Емајлираните и инокс казаните се дополнително заштитени од корозија со вградување на магнезиумска анода.
Топлата вода од емајлираниот и инокс казанот е физиолошки исправна и може да се користи за подготовка на храна.
Просторијата и местото на монтажа за бојлерот, односно просторијата каде се монтира бојлерот мора да биде безбедна
по имотот на корисникот, во случај на излевање вода од бојлерот или сервисни интервенции. Задолжително мора да
постои и санитерен одвод на излиената вода од бојлерот во канализација. Просторијата мора да има проветрување
заради водената пареа. Висока концентрација на водена пареа во просторијата може да предизвика краток спој на овој
или други електрични уреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Демонтажа на склопот “Носач на бојлер-бојлер” и негова повторна монтажа,
при вградување кај купувачот, не е дозволена бидејќи може да ја намали носивоста на овој склоп и ќе
биде третирана од страна на производителот како неправилна монтажа.
!
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНАТА ИНСТАЛАЦИЈА
При приклучување на бојлерот на водоводната мрежа треба да се има предвид дека доводот на ладна вода на бојлерот
е обележан со сина розетна, а одводот на топла вода со црвена розетна. Акумулациониот бојлер работи под притисок
(затворен систем) и овозможува користење на водата на повеже места. При приклучување на бојлерот на водоводната
инсталација потребно е да се вгради адекватна батерија за мешање, наменета за работа под притисок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На секој бојлер мора да биде вграден сигурносен вентил, кој обезбедува притисокот
во казанот да не ја надмине дозволената вредниост.
!
*Безбедносниот вентил се испорачува со бојлерот. За котлите од типот ORION (со внатрешен регулатива)
сигурносниот вентил не се испорачува. Неговата инсталација е задолжителна и во двата случаи, а начинот на
инсталација е прикажан во Шема 1 и Шема 2.
Препорака е сигурносниот вентил да се контролира редовно на секои 15 дена. Кај контролата со поместување на
полугата или одвртување на навртката (зависно од типот на вентилот) се овозможува истекување на водата од
повратниот сигурносен вентил, што е знак дека е исправен. Неповратниот вентил спречува празнење на казанот во
случај на пад на притисокот во водоводната мрежа.
Похожие устройства
- Metalac Sirius MB P120 Wi 9293 368390 Инструкция к товару
- Nofer TOP 80 Инструкция к Nofer TOP 80
- SAVITR Monoblock 12X220/380В, 12кВт M1EB3SM012X паспорт
- SAVITR Monoblock 15X220/380В, 15кВт M1EB3SM015X паспорт
- VilTerm S10 чёрный, природный газ, 1.3 кПа 00-00003789 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S11 чёрный, природный газ, 1.3 кПа 00-00003769 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S13 чёрный, природный газ, 1.3 кПа 00-00003802 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S13 серебро, природный газ, 1.3 кПа, т/о 1103-17.000 00-00002604 Инструкция по эксплуатации
- VilTerm S13 с т/о 1103-17.000 сжиженный газ 00-00002595 Инструкция по эксплуатации
- Петромаш ЭВБО 15/1.25Н нержавеющая сталь, 15 л 59585 Руководство по эксплуатации
- Петромаш ЭВБО 15/1.25Н нержавеющая сталь, 15 л 59585 Руководство по эксплуатации, стр.2
- Петромаш ЭВБО 20/1.25Н нержавеющая сталь, 20 л 61710 Руководство по эксплуатации, стр.1
- Петромаш ЭВБО 20/1.25Н нержавеющая сталь, 20 л 61710 Руководство по эксплуатации, стр.2
- Philips AWH1603/51(100DA) Руководство по эксплуатации
- Philips AWH1613/51(100YA) Руководство по эксплуатации
- Philips AWH1618/51(100YB) Руководство по эксплуатации
- Philips AWH1623/51(100YC) Инструкция по эксплуатации
- Kotitonttu SUARI S10 00-00000082 Паспорт на колонку S10
- Kotitonttu SUARI S12 FT 00-00000088 Паспорт колонка S12FT
- Kotitonttu SUARI S13 ST 00-00000086 Паспорт колонка S12FT