Bosch GO 2 06019H2103 Инструкция к товару онлайн [277/401] 860797
![Bosch GO 2 06019H2103 Инструкция к товару онлайн [277/401] 860797](/views2/2098296/page277/bg115.png)
Македонски | 277
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на
електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат
батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни
простории може да доведат до несреќа.
u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример,
во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати
создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен
алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата.
Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со
заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните
приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример,
цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од
струен удар ако вашето тело е заземјено.
u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе
вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот
за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни
делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел
соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за
надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете
заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го
намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со
електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека
работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6M4 | (21.05.2021)
Похожие устройства
- Универсал Валери белый В0101 Инструкция к товару
- Keno KN-PRO24/2-8P-4K инструкция
- Keno KN-PRO24/2-8P-4K паспорт
- Gauss Filament ST64 6W 620lm 2400К Е27 golden LED 1/10/40 102802006-D паспорт
- Daewoo с набором бит и насадок DAА 3600Li Plus Руководство по эксплуатации
- Daewoo с набором бит и насадок DAА 4800 Plus DAA 4800 Plus Руководство по эксплуатации
- ROX PU PS коробка 25 туб R619 спецификация
- Defort DS-48N-LT 93720049 Инструкция к товару
- СТРОП-ПРО SP04804 Инструкция
- Deko DKS4FU-Li063-4150 063-4150 Паспорт
- Машпроект ТКМ-359С 8127000002 Инструкция
- Deko DKS4FU-Li + набор инструментов 31 предмет 063-4151 Инструкция по эксплуатации
- Norgau 052101002 Устройство
- Norgau 052101004 Устройство
- Norgau 052101001 Устройство
- МЕГЕОН 60009 к0000039380 Инструкция по эксплуатации
- МЕГЕОН 60014 к0000039385 Инструкция по эксплуатации
- Deko DKS4FU-Li в кейсе, набор инструментов 112 предметов 063-4153 Паспорт
- Felo Серия Nm 1,5-3,0 с набором насадок 12 шт в кейсе plus/minus 10099716 Руководство по эксплуатации
- Felo Серия Nm 3,0-5,4 с набором насадок 12 шт в кейсе plus/minus 10099816 Руководство по эксплуатации