Bosch GO 2 06019H2103 Инструкция к товару онлайн [279/401] 860797
![Bosch GO 2 06019H2103 Инструкция к товару онлайн [279/401] 860797](/views2/2098296/page279/bg117.png)
Македонски | 279
u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте
лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на
необучени корисници.
u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го
порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз
функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го
електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на
алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во
согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која
ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе
до опасни ситуации.
u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени.
Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач
којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на
батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност
од повреда или пожар.
u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални
предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до
друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници
или пожар.
u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата;
избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош.
Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6M4 | (21.05.2021)
Похожие устройства
- Универсал Валери белый В0101 Инструкция к товару
- Keno KN-PRO24/2-8P-4K инструкция
- Keno KN-PRO24/2-8P-4K паспорт
- Gauss Filament ST64 6W 620lm 2400К Е27 golden LED 1/10/40 102802006-D паспорт
- Daewoo с набором бит и насадок DAА 3600Li Plus Руководство по эксплуатации
- Daewoo с набором бит и насадок DAА 4800 Plus DAA 4800 Plus Руководство по эксплуатации
- ROX PU PS коробка 25 туб R619 спецификация
- Defort DS-48N-LT 93720049 Инструкция к товару
- СТРОП-ПРО SP04804 Инструкция
- Deko DKS4FU-Li063-4150 063-4150 Паспорт
- Машпроект ТКМ-359С 8127000002 Инструкция
- Deko DKS4FU-Li + набор инструментов 31 предмет 063-4151 Инструкция по эксплуатации
- Norgau 052101002 Устройство
- Norgau 052101004 Устройство
- Norgau 052101001 Устройство
- МЕГЕОН 60009 к0000039380 Инструкция по эксплуатации
- МЕГЕОН 60014 к0000039385 Инструкция по эксплуатации
- Deko DKS4FU-Li в кейсе, набор инструментов 112 предметов 063-4153 Паспорт
- Felo Серия Nm 1,5-3,0 с набором насадок 12 шт в кейсе plus/minus 10099716 Руководство по эксплуатации
- Felo Серия Nm 3,0-5,4 с набором насадок 12 шт в кейсе plus/minus 10099816 Руководство по эксплуатации