Bosch GO 2 06019H2103 Инструкция к товару онлайн [281/401] 860797

Bosch GO 2 06019H2103 Инструкция к товару онлайн [281/401] 860797
Македонски | 281
u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да
го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до
губење контрола над уредот.
Заштитете го електричниот алат од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и
влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
Безбедносни напомени за мрежен напојувач
u Овој адаптер не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искуство и
знаење. Овој адаптер може да го користат деца над 8 години како и лица со
ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно
искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната
безбедност или се подучени за безбедно ракување со адаптерот и ги
разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност
од погрешна употреба и повреди.
Адаптерот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во
адаптерот го зголемува ризикот од електричен удар.
u Одржувајте ја чистотата на адаптерот. Доколку се извалка, постои опасност од
електричен удар.
u Пред секое користење, проверете го адаптерот. Не го користете адаптерот,
доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами адаптерот и оставете
го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе го поправи само со
оригинални резервни делови. Оштетени адаптери го зголемуваат ризикот од
електричен удар.
Опис на производот и перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6M4 | (21.05.2021)

Похожие устройства

Скачать