Bosch GWX 18V-10 06017B0100 Инструкция к товару онлайн [285/405] 861613

Bosch GWX 18V-10 06017B0100 Инструкция к товару онлайн [285/405] 861613
Македонски | 285
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Поставување на
Bluetooth
®
Low Energy модул
Напомена: Кај електрични алати GWX 18V-10 C Bluetooth
®
Low Energy модулот е достапен како опрема; кај
електричните алати GWX 18V-10 SC е содржан во обемот
на испорака.
За информации за Bluetooth
®
Low Energy модулот
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (8) има два степена на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (9).
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчињата
за отворање (9) и извлечете ја батеријата од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и
на корисничкиот интерфејс (5) (види „Прикази за
состојба“, Страница289).
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 3× зелено 60−100%
Трајно светло 2× зелено 30−60%
Трајно светло 1× зелено 5−30%
Трепкаво светло 1× зелено 0−5%
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 5× зелено 80−100 %
Трајно светло 4× зелено 60−80 %
Трајно светло 3× зелено 40−60 %
Трајно светло 2× зелено 20−40 %
Трајно светло 1× зелено 5−20 %
Трепкаво светло 1× зелено 0−5 %
Монтирање на заштитен уред
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5JY | (03.12.2019)

Похожие устройства

Скачать