Bosch GPB 18V-5 C без аккумулятора и ЗУ 06014A4000 Инструкция к товару онлайн [179/243] 862008

Bosch GPB 18V-5 C без аккумулятора и ЗУ 06014A4000 Инструкция к товару онлайн [179/243] 862008
Македонски | 179
радиото автоматски менува на режимот на аудио 10s по
последното притискање на копчето.
Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при
исклучувањето на радиото, тогаш сменете ги резервните
батерии.
Опции на менито (GPB18V‑5SC)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
Во рамките на менијата, името на менито се прикажува
во горната линија на мултифункционалниот приказ(k)
поставката што можете да ја изберете во долниот дел.
<Set Time>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските
формати 12часа<12Hour Mode> и 24часа<24Hour
Mode> и да го поставите времето рачно. Ако кај аудио
изворDAB се избере радио станица која го пренесува
времето, тогаш автоматски се презема тоа време.
<Reset All>
Мени ресетирање: можете да ги ресетирате сите
поставки на менито на фабрички поставки<Yes> или да
вратите на актуелните поставки<No>.
<Auto Scan> (кај аудио изворDAB)
Мени автоматско пребарување на станица: можете да
стартувате автоматско пребарување на станица.
<Manual Tune> (кај аудио изворDAB)
Мени рачно прилагодување: можете рачно да ја
поставите саканата фреквенција.
<Display Type> (кај аудио изворDAB)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се
појави во долниот дел на мултифункционалниот
приказ(k):
Информативен текст што го пренесува
радиостаницата<Dynamic Label>,
Фреквенцијата на станицата<Frequency>,
Јачината на сигнал<Signal Strength>,
Тип на програма што го пренесува
радиостаницата<Program Type>.
<Display Type> (кај аудио изворFM)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се
појави во долниот дел на мултифункционалниот
приказ(k):
Информативен текст што го пренесува
радиостаницата<Radio Text>,
Името на станицата<Program Service>,
Тип на програма што го пренесува
радиостаницата<Program Type>.
Напојување со енергија на надворешни уреди
USB-приклучок
Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат
повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е
возможно преку USB (на пр. различни мобилни
телефони). Максималната струја за полнење
изнесува2,1A.
Отворете ја рачката за заклучување(8) и отворете го
капакот(7) на преградата за медиумски датотеки.
Поврзете го USB-приклучокот на надворешен уред преку
соодветен USB-кабел со USB-конектор за полнење(11)
(USB) на радиото.
При работење со батерија надворешниот уред може да се
полни само ако е вклучено радиото.
При соодветна големина, надворешниот уред може да се
складира за време на полнењето во преградата за
складирање(6). Ако надворешниот уред се загрева за
време на полнењето, тогаш отворете го капакот(7) на
преградата за медиумски датотеки за да се заштити
надворешниот уред од прегревање.
Ако полнењето е завршено одн. USB-кабелот е отстранет,
тогаш повторно затворете го капакот(7), за да се заштити
радиото од нечистотии.
Приклучок за наизменична струја
Со помош на приклучоците за наизменична струја
можете да користите и други надворешни електрични
уреди. Приклучниците може да бидат различни, во
зависност од важечките прописи во земјата на
користење.
Снабдувањето со енергија на надворешни уреди преку
приклучок за наизменична струја е можно само со
мрежен напојувач на радиото, а не преку вметната
батерија. Ако радиото е приклучено на струја, за потврда
свети зелената контролна сијаличка(3).
Збирот на максимално дозволената потрошувачка на
струја на сите приклучени електрични уреди не смее да ја
пречекори вредноста наведена во следната табела
(погледнете го и натписот на куќиштето под
поклопецот(4)):
Број на дел/артикл Збир на максимална
потрошувачка на струја
(во A)
3601DA4000 15
3601DA4100 15
3601DA4170 12
3601DA41W0 15
3601DA4130 9
3601DA4140 9
Отворете го заштитното капаче(4) на приклучоците за
наизменична струја и ставете го приклучокот на
надворешниот електричен уред во приклучница(5) на
радиото.
Совети при работењето
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7T0 | (27.05.2022)

Похожие устройства

Скачать