Tesy GCV 1004724D C22 ECW 305084 Инструкция Modeco Cloud онлайн [83/108] 864383
![Tesy GCV 1004724D C22 ECW 305084 Инструкция Modeco Cloud онлайн [83/108] 864383](/views2/2102279/page83/bg53.png)
83Македонски
MK
IV. ОПИС И ПРИНЦИП НА РАБОТА
Уредот се состои од тело, обрач на долната страна / за бојлери наменети за
вертикална монтажа/ или на страните /за бојлери наменети за хоризонтална
монтажа/, заштитен пластичен панел и безбедносен вентил.
1. Телото се состои од челичен резервоар (сад за вода) и куќиште
(надворешен оклоп) со термална изолација поставена помеѓу, направена
од еколошки чиста полиуретанска пена со висока густина, и две цевки со
навој G ½ ‘’ за довод на ладна вода (означени со син прстен) и излезна цевка
за топла вода (означена со црвен прстен).
Внатрешниот сад може да е од различен тип во зависност од моделот:
•
Направен од челик, заштитен од корозија од специјален слој од стакло-
керамика
•
Направен од нерѓосувачки челик
Вертикалните бојлери може да се поврзат со вграден уред за размена на
топлина (цевка за бојлер). Влезот и излезот на оваа цевка се лоцирани на
страните и претставуваат цевки со навој G ¾“.
2. Обрачок се состои од: електричен греач и термостат. Греачите со слој од
стакло-керамика имаат магнезиумска заштита.
Греачот се користи за загревање на водата во садот и се контролира преку
термостатот, кој автоматски ја одржува избраната температура.
Термостатот има вграден безбедносен уред кој штити од прегревање, кој го
исклучува греачот кога водата ќе постигне високи температури.
3. Безбедносниот вентил спречува целосно празнење на уредот во
случај на прекин на доводот за ладна вода. Вентилот го штити уредот од
зголемување на притисокот на вредности поголеми од дозволените при
загревањето (притисокот се зголемува со зголемување на температурата),
преку испуштање на притисокот низ отворот за истекување.
Безбедносниот вентил не може да го заштити уредот во
случај на притисок на доводот на вода кој е поголем од
назначените вредности за уредот.
V. МОНТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ! ПОГРЕШНАТА ИНСТАЛАЦИЈА И ПОВРЗУВАЊЕ НА АПАРАТОТ ЌЕ
ПРЕДИЗВИКА ОПАСНОСТ ОД ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА ЗДРАВЈЕТО И ЧАК
СМРТ НА ПОТРОшУВАЧИТЕ. ОВАА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ШТЕТИ НА НИВНИОТ
ИМОТ, КАКО И ТОА ДЕКА ВРЗ ТРЕТИ СТРАНИ. ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ПОПЛАВУВАЊЕ,
ЕКСПЛОЗИЈА, ПОЖАР. Инсталирањето, поврзувањето со водоводната мрежа
и поврзувањето со електричната мрежа мора да го вршат квалификувни
техничари. Овластен техничар е лице кое ги има соодведните надлевности
според прописита на соодветната држава.
1. Монтирање
Препорачуваме монтирање на уредот во близина на местото каде
што се користи топлата вода, со цел да се намали губење на топлината
при транспорт. Во случај на монтажа на уредот во бања, избраната
локација мора да ја исклучи можноста за прскање на вода преку тушок
или додатокот за туширање. Уредот е фиксиран за ѕид преку држач за
монтажа кој е прикачен за телото на уредот (ако држачот не е прикачен,
треба да се прикачи со доставените завртки). Двете куки се користат за
закачување на уредот (мин. Ø 10 mm) и цврсто треба да се прикачат на
ѕидот (не се вклучени во сетот за монтажа). Конструкцијата на држачот
за монтажа која е дизајнирана за бојлери со вертикална монтажа е
универзална и овозможува растојание на куките од 220 до 310 mm (сл. 1a).
Со цел да се спречи повреда на корисникот и трети лица во случај
на грешка во системот кој овозможува топла вода, уредот мора
да се монтира во просторија која има подна хидроизолација и одвод. Не
поставувајте предмети, кои не се водоотпорни, под уредот под никоја
околност. Во случај на монтажа на уредот во просторија која нема подна
хидроизолација, потребно е да се постави одвод под уредот.
Забелешка: сетот не вклучува заштитна када и
корисникот мора да ја избере истата.
2. Поврзување со водовод
Каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил; 3 – Вентил за редукција
(за притисок на вода > 0,6 MPa); 4 – Запирачки вентил; 5 – Инка
поврзана со одвод; 6 – Црево; 7 – Славина за истекување на вода
По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да ги следите
индикативните ознаки /прстени/ кои се прикачени на цевките: сино за
ладна /влезна/ вода, црвено за топла /излезна/ вода.
Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен со бојлерот е
задолжително. Безбедносниот вентил мора да се монтира на цевката
за ладна вода, следејќи ја насоката на стрелката која е испечатена
на телото и ја покажува насоката на влезната вода. Не смее да се
монтираат дополнителни запирни вентили меѓу безбедносниот
вентил и бојлерот.
Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат
употреба на дополнителен заштитен вентил или
механизам (во согласност со EN 1487 или EN 1489), тогаш мора
дополнително да се купи. За механиззми кои работат во
согласност со EN 1487 назначениот работен притисок не смее
да биде повисок од 0.7 MPa. За други заштитни вентили,
притисокот на кои се калибрирани треба да биде за 0.1 MPa
понизок од назначениот притисок на знакот на уредот. Во тој
случај, безбедносниот вентил које доставен со уредот не треба
да се користи
Присуството на друг /стар/ безбедносен вентил може да
предизвика расипување на уредот и поради тоа мора да се
отстрани.
Друг вид на запирачка арматура не се дозволува меѓу
заштитниот вентил (заштитниот уред) и уредот.
Поставувањето на заштитниот вентил на навои подолги
од 10 mm не се дозволува, во спротивно може да се оштети
вентилот и предизвикува опасност за уредот.
Со бојлери за вертикална монтажа, заштитниот вентил
треба да се поврзе на влезната цевка додека
безбедносниот пластичен панел е отстранет. Откако е
монтиран тој треба да биде во позиција како што е прикажано на
слика 2.
Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и бојлерот
мора да се заштитат од замрзнување. При истекување,
цревото – е секогаш слободно и отворено на атмосфера (не
потопено во вода). Осигурајте се едка цревото е заштитено од
замрзнување.
Отворањето на вентилот за ладна вода на доводот за вода и
отворањето на топлиот вентил од славината која ја меша водата
го изведува полнењето на бојлерот со вода. Откако полнењето
ќе заврши, мора да почне постојан тек на вода низ славината за
мешана вода. Сега, можете да го затворите вентилот за топла вода.
Во случај кога е потребно да се испразни бојлерот, прво мора да го
исклучите од струја. Текот на водата од доводот мора да се прекине
и доводот за топла вода од славината за мешана вода мора да се
отвори. Славината 7 (сл. 4a) мора да се отвори за да се испразни
водата од садот. Ако нема таква славина вградена во цевката,
водата ќе истече директно од влезната евка на садот за вода откако
ќе го дисконектирате од доводот за вода
Во случај на отстранувањена обрачот, отфрлањето на неколку
литри вода, кои остануваат во садот, е нормално.
Мора да преземете мерки за да се спречи штета од водата
која истекува при празнењето.
Во случај притисокот на доводот да е над назначената вредност
во горниот параграф, тогаш е потребно да се постави вентил
за редуцирање, во спротивно бојлерот нема правилно да
функционира. Производителот не прифаќа одговорност за
проблеми предизвикани од неправилна употреба од страна на
корисникот.
3. Поврзување со електричната мрежа.
Осигурајте се дека уредот е полн пред да го вклучите
напојувањето.
3.1. Модели со кабел за напојување и приклучок се поврзуваат
со внесување на приклучокот во контакт.
Тие се исклучуваат од напојувањето со отстранување на
приклучокот од контактот.
Штекерот мора да биде правилно поврзан со одделно
електрично коло со соодветна заштита. Мора да биде
заземјен.
3.2. Бојлери опремени со кабел за напојување без приклучок
Уредот треба да се поврзе со одделно електрично коло од
електричната мрежа. Поврзувањето треба да биде постојано –
без приклучоци за контакт. Колото треба да има безбедносен
осигурувач (16А) и вграден уред кој овозможува дисконекција на
сите полови во случај на прекумерена волтажа од категорија III.
Поврзувањето на проводниците од кабелот за напојување на
уредот треба да се изведе на следниот начин:
•
проводник со кафена изолација – за фазниот проводник на
електричните жици (L)
•
проводник со сина изолација – за неутралниот проводник на
жиците (N)
•
проводник со жолто-зелена изолација – за безбедносниот
проводник на жиците ⏚.
3.3. Модели без кабел за напојување
Уредот мора да се поврзе со оддело електрично коло од
електричната мрежа. Колото треба да има безбедносен осигурувач
16А (20A за моќност > 3700W). Треба да се употреби проводник со
бакарно единечно јадро (цврсто – не влакнесто) за поврзувањето -
кабел 3 x 2.5 mm² (кабел 3 x 2.5 mm² за моќност > 3700W).
Електричното коло кое го напојува уредот мора да има вграден
уред кој овозможува разделување на сите терминални полови во
услов на супер-волтажа од категорија III.
За да ја инсталирате жицата за напојување во бојлерот, отстранете
го пластичниот капак (слика 2).
Поврзете ги жиците за напојување според ознаките на терминалите,
на следниот начин:
•
фазата – со ознака A, A1, L или L1;
•
неутралната – со N (B или B1 или N1)
•
Безбедносната жица мора задолжително да се поврзе со
терминалот означен со ⏚.
По инсталацијата, вратете го пластичниот капак на
своето место!
Похожие устройства
- Tesy GCV 1004724D C22 ECW 305084 Руководство по эксплуатации Modeco Cloud
- Tesy GCV 1004724D C22 ECW 305084 Подключение к Интернету
- Tesy GCV 1204420 B11 TSRC ч303786 Инструкция по эксплуатации
- Tesy GCV 1204724D C21 TS2RC 302880 Инструкция по эксплуатации
- Tesy GCV 1504424D B14 TBRC 304947 Инструкция к TESY GCV 1004424D B14 TBRC 304945
- Tesy GCV 1504724D C22 ECW 305086 Руководство по эксплуатации Modeco Cloud
- Tesy gcv 1505620 d06 src 304062 Инструкция по эксплуатации
- Tesy gcv 1505624c d06 s2r 304064 Инструкция по эксплуатации
- Tesy gcv 2005624c d06 s2rс 304065 Инструкция по эксплуатации
- Tesy TBRC GCR 1004424D B14 304950 Инструкция к TESY GCV 1004424D B14 TBRC 304945
- WURTH S3-KOFFR 07001022 961 1 Инструкция к товару
- Parpol V 500 400500 Сравнительные характеристики
- Parpol V 500 400500 Инструкция по эксплуатации
- Groz GR45505 Инструкция к Groz GR45505
- Berkut SP2070EP Инструкция к BERKUT SP2070EP
- Einhell GE-SC 35/1 Li Solo 3420650 Инструкция к Einhell GE*SC 35/1 Li*Solo 3420650
- Berkut SMART SP2000ЕР Инструкция к BERKUT SMART SP2000ЕР
- Berkut SP3030ЕР Инструкция к BERKUT SP3030ЕР
- Rothenberger ROCAL 20 61100 Инструкция по эксплуатации
- Einhell PXC GC-SC 36/31 LI-Solo 3420660 Инструкция по эксплуатации