Bosch EasyGrassCut 18V-230 06008C1A03 Инструкция к товару онлайн [310/440] 864576

Bosch EasyGrassCut 18V-230 06008C1A03 Инструкция к товару онлайн [310/440] 864576
310 | Македонски
Внимавајте лицата кои се во близина
да не бидат повредени од
исфрлените парчиња.
Предупредување: Држете се на
безбедно растојание од косачката
додека таа работи.
Внимателно проверете го
полето на коешто ќе работи
уредот да нема диви или
домашни животни. Дивите и
домашните животни можат да бидат
повредени за време на употреба на
машината. Проверете го детално
полето на работа на машината и
отстранете ги сите камења, гранки,
жици, коски и други предмети. При
ракувањето со машината внимавајте
во густата трева да нема скриени
диви или домашни животни, како ни
стебла.
Општи предупредувања за
безбедност за електрични алати
u Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и
спецификации приложени со
овој електричен алат.
Непридржувањето до сите
упатства приложени подолу може
да доведе до струен удар, пожар и/
или тешки повреди.
u Зачувајте ги безбедносните
предупредувања и упатства за
користење и за во иднина.
u Поимот „електричен алат“ во
безбедносните предупредувања се
однесува на електрични апарати
што користат струја (кабелски) или
апарати што користат батерии
(акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
u Работниот простор одржувајте
го чист и добро осветлен.
Преполни или темни простории
може да доведат до несреќа.
u Не работете со електричните
алати во експлозивна околина,
како на пример, во присуство на
запаливи течности, гасови или
прашина. Електричните алати
создаваат искри коишто може да ја
запалат прашината или гасовите.
u Држете ги децата и присутните
подалеку додека работите со
електричен алат. Невниманието
може да предизвика да изгубите
контрола.
Електрична безбедност
u Приклучокот на електричниот
алат мора да одговара на
приклучницата. Никогаш не го
менувајте приклучокот. Не
користите приклучни адаптери
со заземјените електрични
F 016 L94 299 | (22.07.2021) Bosch Power Tools

Похожие устройства

Скачать