Bosch GOF 130 06016B7000 Инструкция к товару онлайн [157/213] 867599
![Bosch GOF 130 06016B7000 Инструкция к товару онлайн [157/213] 867599](/views2/2105952/page157/bg9d.png)
Македонски | 157
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Правец и процес на глодање (видисликаE)
u Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
спроти правецот на ротација на глодалката(18)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на
делот за обработување и вклучете го.
Притиснете го затезниот лост за фиксирање на
длабочината на глодање(16) надолу и полека водете ја
површинската глодалка надолу, додека не се постигне
подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете
го затезниот лост за фиксирање на длабочината на
глодање(16) за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување. Доколку е потребно, притиснете го
затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање
(16) нагоре, за трајно да го фиксирате.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја
површинската глодалка во најгорна позиција.
Исклучете го електричниот алат.
Глодање со помошен граничник (видисликаF)
За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за
жлебови, како помошен граничник на делот за
обработување може да прицврстите една даска или
лајсна и да ја водите површинската глодалка по
должината на помошниот граничник. Водете ја
површинската глодалка на израмнетата страна на
лизгачката плоча по должината на помошниот граничник.
Обликување и глодање на рабови
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (видисликиG–H)
Вметнете го паралелниот граничник(27) со водечките
прачки(26) во основната плоча(6) и цврсто затегнете го
со завртките(4) соодветно на потребните димензии.
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
Глодање на кружни лакови (видисликиI–J)
Свртете го паралелниот граничник(27), на тој начин што
површините на граничникот ќе покажуваат нагоре.
Вметнете го паралелниот граничник(27) со водечките
прачки(26) во основната плоча(6) и цврсто затегнете го
со завртките(4) соодветно на потребните димензии.
Прицврстете го клинот за центрирање(28) со пеперутка-
завртката(29) низ отворот на паралелниот
граничник(27).
Ставете го клинот за центрирање(28) во означената
средишна точка на кружниот лак и водете ја глодалката
со рамномерен притисок.
Глодање со граничник за криви линии
(видисликиK–L)
Вметнете го паралелниот граничник(27) со водечките
прачки(26) во основната плоча(6) и цврсто затегнете го
со завртките(4) соодветно на потребните димензии.
Прицврстете го граничникот за криви линии со
монтираниот водечки валјак(30) низ отворот на
паралелниот граничник(27).
Водете го електричниот апарат со лесен страничен
притисок по должината на делот што се обработува.
Глодање со шестар за глодање (видисликаM)
За кружно глодање може да го употребите шестарот на
глодалката/адаптерот за шините водилки(31).
Монтирајте го шестарот на глодалката како што е
прикажано на сликата.
Завртете ја завртката за центрирање(36)во навојниот
отвор на шестарот на глодалката. Поставете го врвот на
завртката во средишната точка на кружниот лак што
треба да се изглода, а притоа внимавајте на тоа, врвот на
завртката да влегува во површината на делот за
обработување.
Поставете го саканиот радиус со грубо поместување на
шестарот на глодалката и затегнете ги пеперутка-
завртките(33) и(34).
Со вртливото копче(35) по олабавување на пеперутка-
завртките(34) може фино да ја подесите должината.
Едно вртење одговара на должина на подесување од
2,0mm, една од цртичките на вртливото копче(35)
одговара на промена на должината на подесувањето за
0,1mm.
Водете го вклучениот електричен алат со десната
рачка(2) и дршката на шестарот на глодалката(32)
преку делот за обработување.
Глодање со шина водилка (видисликаN)
Со помош на шините водилки(37) може да вршите
праволиниски движења.
За изедначување на висинските разлики мора да ја
монтирате дистанционата плоча(38).
Монтирајте го шестарот на глодалката/адаптерот за
шините водилки(31) како што е прикажано на сликата.
Зацврстете ја шината водилка(37) со соодветни уреди за
затегнување, на пр. менгеме, на делот за обработување.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5MT | (27.07.2020)
Похожие устройства
- Bosch GOF 900 CE 0.601.614.661 Инструкция к товару
- Bosch POF 1400 ACE 0.603.26C.820 Инструкция по эксплуатации
- Crown CT11001 Инструкция к товару
- Deko DKR1600E, набор фрез RBS12 (12 предметов) 063-4221 Инструкция по эксплуатации
- Deko DKR1900 063-4222 Инструкция по эксплуатации
- Dewalt 18.0 В XR DCW600N Инструкция к товару
- Dewalt 18.0 В XR DCW604N-XJ Инструкция к товару
- Bosch GTR 30 CE 0.601.60C.000 Инструкция к товару
- Bosch GTR 30 CE 0.601.60C.002 Инструкция к товару
- DWT OF-1050 V 5.1.45 Инструкция по эксплуатации
- Triton Ультра 150 Щ0000012096 Инструкция к Triton Николь Щ0000003006
- Triton Ультра 150 Щ0000012096 Инструкция к Triton Николь Щ0000003006
- Фиолент МФ4-1100-Э Ф0079 ИДФР298259003 Руководство по эксплуатации
- Фиолент МФ4-1100-Э Ф0079 ИДФР298259003 Иллюстрация и перечень сборочных единиц и деталей МФ4-1100Э
- Makita 3612 C Инструкция к товару
- Makita LXT DRT50Z Инструкция к товару
- Makita LXT DRT50ZJX2 Инструкция к товару
- Makita M3601 Инструкция к товару
- Makita RP 2300 FC Инструкция по эксплуатации
- Milwaukee PJ 710 4933378875 Инструкция к товару