Bosch GSR 185-LI 2 Акб 06019K3000 Инструкция по эксплуатации онлайн [173/241] 870310
![Bosch GSR 185-LI 2 Акб 06019K3000 Инструкция по эксплуатации онлайн [173/241] 870310](/views2/2108915/page173/bgad.png)
Македонски | 173
Завртување
GSR 185-LI
Поставете го прстенот за подесување во
претходно избраниот вртежен момент(3) на
саканиот вртежен момент.
GSB 185-LI
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим(4) на
ознаката „Завртување“.
Поставете го прстенот во претходно
избраниот вртежен момент(3) на саканиот
вртежен момент.
Ударно дупчење
GSB 185-LI
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим(4) на
ознаката „Ударно дупчење“.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(10) и држете го притиснат.
LED светилката (8) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
LED-работно светло со приказ за статус
LED-работното светло(8) се користи и за
приказ за статус за заштита на уред и ниско
ниво на батеријата:
LED-
Повратна
порака
Опис
Трепкачко
светло 3x
при работа
Ниско ниво на батеријата.
Батеријата е под оптималната вредност
на напонот. Капацитетот на уредот е
ограничен.
Трепкачко
светло 3x
по мирување
Заштитата на уредот е активна.
Заштитата на уредот е активирана за
заштита на батеријата од висока
енергетска потрошувачка и за заштита
на уредот од оштетување.
– Ако нивото на батеријата е ниско, тогаш наполнете ја
батеријата(6) или заменете ја слабата батерија со
целосно полна.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (10).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент (Важи за начин на
работење, навртување)
Со прстенот за подесување на вртежниот момент(3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во
20степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент,
движењето на алатот за вметнување запира.
Механички избор на брзини
u Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го
само кога електричниот алат е во празен од.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
u Прекинувачот за избор на брзини секогаш
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
работење надвор од дозволениот опсегот на работна
температура се намалува бројот на вртежи. Дури по
постигнувањето на дозволената работна температура,
електричниот алат повторно работи со полн број на
вртежи.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10)
не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на
алатот ќе се фиксира (1).
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија (6) одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
Совети при работењето
u Електричниот алат ставете го на завртката само
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
За да го извадите битот за одвртувачот или
универзалниот држач за битови, може да користите
помошен алат.
Држач за појас (опрема)
Со држачот за појас може да го закачите електричниот
алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат
слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во
секое време.
Bosch Power Tools 1 609 92A 8JT | (03.02.2023)
Похожие устройства
- Bosch GSR 185-LI (соло) 06019K3003 Инструкция по эксплуатации
- Bosch GST 185-LI (соло) 06015B3021 Инструкция по эксплуатации
- Camo G-Tape 50 мм, 20 м, УФ-стабильная GT3040BK02 Лента для лаг
- Алюмет матовая, 10 ступеней Ам710 Инструкция к Алюмет Ам710
- Алюмет матовая, 3 ступени Ам703 Инструкция к Алюмет Ам703
- Алюмет матовая, 5 ступеней Ам705 Инструкция к Алюмет Ам703
- Алюмет матовая, 7 ступеней Ам707 Инструкция к Алюмет Ам703
- Алюмет матовая, 8 ступеней Ам708 Инструкция к Алюмет Ам703
- LWI 3 ступени Безопасность
- LWI 4 ступени Инструкция к Krause SOLIDY 126252
- LWI 4 ступени Инструкция
- LWI 4 ступени Безопасность
- LWI 5 ступеней Безопасность
- LWI 6 ступеней Безопасность
- HiWatch Ds-n204p(c) АВ5062765 паспорт
- LWI 7 ступеней Безопасность
- LWI 7 ступеней Инструкция
- LWI 8 ступеней Безопасность
- Foxweld 5038 Листовка Полуавтоматические горелки и части (mig_mag)
- Foxweld 5039 Листовка Полуавтоматические горелки и части (mig_mag)