Electrolux EOF5C50BV Руководство по эксплуатации онлайн [197/372] 875804
![Electrolux EOF5C50BV Руководство по эксплуатации онлайн [197/372] 875804](/views2/2115090/page197/bgc5.png)
• Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
• Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучокот за струја.
• Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
• Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува
да го исклучите апаратот од
приклучокот за струја од сите полови.
Изолацискиот уред мора да има
контактен отвор со ширина од најмалку
3 мм.
• Апаратот е снабден со приклучок и
кабел за струја.
Типови на кабли кои може да се
монтираат или да се заменуваат за
Европа:
H07 RN-F, H05 RN-F, H05 RRF, H05 VV-F, H05
V2V2-F (T90), H05 BB-F
За делот на кабелот, видете ја вкупната
моќност на плочката со спецификации.
Можете да погледнете и во табелата:
Вкупна јачина (W) Пресек на кабелот
(мм²)
максимум 1380 3x0.75
максимум 2300 3x1
максимум 3680 3x1.5
Кабелот за заземјување (зелен / жолт
кабел) мора да биде 2 см подолг од
кафеавата фаза и сините неутрални
кабли.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар или
експлозија.
• Не менувајте ја спецификацијата на
овој апарат.
• Осигурајте се дека отворите за
вентилација не се блокирани.
• Не го оставајте апаратот да работи без
надзор.
• Исклучете го апаратот по секоја
употреба.
• Бидете внимателни кога ја отворате
вратата на апаратот додека работи.
Може да излезе врел воздух.
• Не ракувајте со апаратот со мокри раце
или кога има контакт со вода.
• Не ја притискајте отворената врата.
• Не употребувајте го апаратот како
работна површина или површина за
складирање.
• Внимателно отворете ја вратата на
апаратот. Користењето состојки со
алкохол може да предизвика мешање
на алкохол и воздух.
• Не дозволувајте искрите или отворен
оган да дојдат во контакт со апаратот
кога ќе ја отворите вратата.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети кои се мокри заедно со
запаливи производи во апаратот, или
во негова близина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на апаратот.
• За да спречите оштетување или
избледување на емајлот:
– не ставајте садови за во рерна или
други предмети во апаратот
директно на дното.
– не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на внатрешноста
на апаратот.
– не ставајте вода директно на
жешкиот апарат.
– не чувајте влажни јадења и храна
во апаратот откако ќе завршите со
готвење.
– внимавајте кога ги отстранувате или
монтирате додатоците.
• Обезбојувањето на емајлот или на
не'рѓосувачкиот челик нема ефект врз
работата на апаратот.
• Користете длабок сад за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
бидат трајни.
• Секогаш гответе кога вратата на
апаратот е затворена.
МАКЕДОНСКИ 197
Похожие устройства
- Huawei Pura 70 12/256GB Pink Руководство по эксплуатации
- Oasis Pro GB-3.5Pro Руководство по эксплуатации
- Electrolux EOD6C77WZ Руководство по эксплуатации
- Kitfort КТ-1161 Руководство по эксплуатации
- Hansa ZWM416WH Руководство по эксплуатации
- Ascoli ASFS258WE Руководство по эксплуатации
- TELZEN F-217t Руководство по эксплуатации
- Deerma DEM-SH60W Руководство по эксплуатации
- STORK TVM-2T Руководство по эксплуатации
- Roidmi EVE Plus SDJ01RM+JCZ01RM White Руководство по эксплуатации
- Roidmi EVA 2023 SDJ06RM+JCZ06RM Руководство по эксплуатации
- Lex LWM10012WBlID Руководство по эксплуатации
- Lex LWM12014GRITHD Руководство по эксплуатации
- Roidmi EVE Plus SDJ01RMB+JCZ01RMB Руководство по эксплуатации
- Roidmi EVE CC SDJ12RM+JCZ12RM Руководство по эксплуатации
- Hiberg i-DDQ10 - 10714 Sd Руководство по эксплуатации
- Vitek VT-8238 Фен-щетка Руководство по эксплуатации
- Nordfrost i-WQ4 10712 W Руководство по эксплуатации
- Homsair WMB148WH Руководство по эксплуатации
- Ascoli ASLS340WE Руководство по эксплуатации