Bosch GWX 9-125 S Руководство по эксплуатации онлайн [217/307] 880578
![Bosch GWX 9-125 S Руководство по эксплуатации онлайн [217/307] 880578](/views2/2119864/page217/bgd9.png)
Македонски | 217
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Одредување на број на вртежи (GWX ... S)
Со вртливото копче за одредување на бројот на вртежи
(5) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот. Податоците во
приложената табела се препорачани вредности.
МатеријалПрименаАлат за вметнувањеПозиција на вртливото копче за
подесување
МеталОтстранување на бојаБрусен лист2–3
МеталЧеткање, вадење 'рѓаЛончести четки, лист за брусење3
Метал,
камен
БрусењеБрусна плоча4–6
МеталГрубо брусењеБрусна плоча6
МеталСечењеБрусна плоча за сечење6
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.
u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Совети при работењето
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика “.
u Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
u Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
додека не дојде во состојба на мирување.
u По силното оптоварување, оставете го
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
u Електричниот алат не го користете со држач за
сечење.
u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Грубо брусење
u Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
u При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(9).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот. При
сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
Сечење на камен
u При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
u Носете маска за заштита од прав.
u Електричниот алат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
Bosch Power Tools1 609 92A 4FA | (21.01.2019)
Похожие устройства
- Xiaomi ZMYDFS01DM Руководство по эксплуатации
- Xiaomi BPLDS03DM Руководство по эксплуатации
- Lex EVH 642B BL Руководство по эксплуатации
- Galaxy Line GL 4649 Руководство по эксплуатации
- Envitec EWS500 Руководство по эксплуатации
- Bosch GBH 2-28 Руководство по эксплуатации
- Samsung QE55QN85C Руководство по эксплуатации
- Envitec VC-205 Руководство по эксплуатации
- Braun Texstyle 3 SI3042VI Руководство по эксплуатации
- Hyundai CS5083FIX Руководство по эксплуатации
- Redmond CM702 Руководство по эксплуатации
- Lex EVH 641A BL Руководство по эксплуатации
- ABR Technology X Vision 27 PLUS MS27GQ2K-i1 Руководство по эксплуатации
- Samsung QE75QN90C Руководство по эксплуатации
- BBK 17MWS-788M/W Руководство по эксплуатации
- Xiaomi TV Box S 2nd Gen MDZ-28-AA Руководство по эксплуатации
- Harper RH5559BB Руководство по эксплуатации
- Defender Cruiser, Black/Red (черный/красный) Руководство по эксплуатации
- Braun FI3124PU розовый Руководство по эксплуатации
- Hisense BSA65334ABDG Руководство по эксплуатации