Electrolux EOF6P76BX Руководство по эксплуатации онлайн [167/388] 880810

Electrolux EOF6P76BX Руководство по эксплуатации онлайн [167/388] 880810
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови мора
да се поврзе на таков начин што нема
да може да се извади без алатки.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучокот за струја.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува
да го исклучите апаратот од
приклучокот за струја од сите полови.
Изолацискиот уред мора да има
контактен отвор со ширина од најмалку
3 мм.
Целосно затворете ја вратата на
апаратот пред да го поврзите главниот
штекер со приклучокот за струја.
Апаратот е снабден со приклучок и
кабел за струја.
Типови на кабли кои може да се
монтираат или да се заменуваат за
Европа:
H07 RN-F, H05 RN-F, H05 RRF, H05 VV-F, H05
V2V2-F (T90), H05 BB-F
За делот на кабелот, видете ја вкупната
моќност на плочката со спецификации.
Можете да погледнете и во табелата:
Вкупна јачина (W) Пресек на кабелот
(мм²)
максимум 1380 3x0.75
максимум 2300 3x1
максимум 3680 3x1.5
Кабелот за заземјување (зелен / жолт
кабел) мора да биде 2 см подолг од
кафеавата фаза и сините неутрални
кабли.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар или
експлозија.
Не менувајте ја спецификацијата на
овој апарат.
Осигурајте се дека отворите за
вентилација не се блокирани.
Не го оставајте апаратот да работи без
надзор.
Исклучете го апаратот по секоја
употреба.
Бидете внимателни кога ја отворате
вратата на апаратот додека работи.
Може да излезе врел воздух.
Не ракувајте со апаратот со мокри раце
или кога има контакт со вода.
Не ја притискајте отворената врата.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или површина за
складирање.
Внимателно отворете ја вратата на
апаратот. Користењето состојки со
алкохол може да предизвика мешање
на алкохол и воздух.
Не дозволувајте искрите или отворен
оган да дојдат во контакт со апаратот
кога ќе ја отворите вратата.
Не ставајте запаливи производи или
предмети кои се мокри заедно со
запаливи производи во апаратот, или
во негова близина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на апаратот.
За да спречите оштетување или
избледување на емајлот:
не ставајте садови за во рерна или
други предмети во апаратот
директно на дното.
не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на внатрешноста
на апаратот.
не ставајте вода директно на
жешкиот апарат.
не чувајте влажни јадења и храна
во апаратот откако ќе завршите со
готвење.
МАКЕДОНСКИ 167

Похожие устройства

Скачать