Electrolux EOD3C70TK Руководство по эксплуатации онлайн [146/328] 883318
![Electrolux EOD3C70TK Руководство по эксплуатации онлайн [146/328] 883318](/views2/2119343/page146/bg92.png)
• Ако апаратот е монтиран зад плоча од
мебел (на пр. врата), вратата не смее
да се затвора кога апаратот е во
функција. Може да се насобере топлина
и влага зад затворена плоча на
мебелот што може да предизвика
последователно оштетување на
апаратот, на мебелот или на подот. Не
затворајте ја плочата на мебелот
додека апаратот целосно не се излади
по употребата.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди, пожар или
оштетување на апаратот.
• Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го приклучокот за
струја од штекерот.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените плочи
на вратата ако се оштетени. Стапете во
контакт со Овластен сервисен центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на површинскиот
материјал.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунгери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
следете ги безбедносните инструкции
на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл со
детергенти.
2.5 Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
• Во однос на светилите во внатрешноста
на овој производ и резервните светилки
што се продаваат посебно: Овие
светилки се предвидени да издржат
екстремни физички услови во
апаратите за домаќинство, како што се
температура, вибрации, влажност или
се предвидени за давање сигнали за
работната состојба на апаратот. Тие не
се предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за осветлување
простории во домот.
• Овој производ содржи извор на
светлина од класа на енергетска
ефикасност G.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
2.6 Сервис
• За да го поправите апаратот,
контактирајте со овластениот сервисен
центар.
• Користете само оригинални резервни
делови.
2.7 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или задушување.
• Контактирајте со вашите општински
органи за да добиете информации за
тоа како да се ослободите од апаратот.
• Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
• Извадете го електричниот кабел блиску
до апаратот и фрлете го.
• Извадете ја кваката на вратата за да
спречите затварање на деца или
миленици во апаратот.
146 МАКЕДОНСКИ
Похожие устройства
- Electrolux EOE7P31Z Руководство по эксплуатации
- Electrolux EOE7C31Z Руководство по эксплуатации
- Electrolux EOF3H50BK Руководство по эксплуатации
- Electrolux EOF6P76BX Руководство по эксплуатации
- Electrolux EOE7P31X Руководство по эксплуатации
- Electrolux EOD6C77WZ Руководство по эксплуатации
- Electrolux EOD6P77WX Руководство по эксплуатации
- Electrolux KODDP77WX Руководство по эксплуатации
- Bosch DFT63CA50Q Руководство по эксплуатации
- Kitfort КТ-847 Руководство по эксплуатации
- Kitfort КТ-3812 Руководство по эксплуатации
- Kitfort КТ-3811 Руководство по эксплуатации
- Pioneer ED-M500-01 Руководство по эксплуатации
- Samsung EP-P6300 Руководство по эксплуатации
- Kitfort КТ-3251 Руководство по эксплуатации
- EXITEQ EXR-203 Руководство по эксплуатации
- Триколор TR-router-04 Руководство по эксплуатации
- RED Solution SkyKettle RK-G212S Руководство по эксплуатации
- Pioneer EID-M1100-01C Руководство по эксплуатации
- Kitfort КТ-3250 Руководство по эксплуатации