Bosch GKF 550 0.601.6A0.020 Руководство по эксплуатации онлайн [126/177] 867597
![Bosch GKF 550 0.601.6A0.020 Руководство по эксплуатации онлайн [126/177] 867597](/views2/2143478/page126/bg7e.png)
126 | Македонски
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Замена на алатот
u При ставање и менување на глодалката се
препорачува носење на заштитни ракавици.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
Bosch-ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Демонтирање на корпата на глодалката (види слика A)
Пред да ја монтирате глодалката, најпрво мора да ја
извадите корпата на глодалката(2) од погонската
единица(1).
Отворете ја пеперутка-завртката (10) на корпата на
глодалката (2).
Извлечете ја погонската единица нагоре.
Замена на затегнувачката чаура (види сликаB)
Во зависност од употребената глодалка, пред да ја
ставите истата, мора да ја замените навртката за
осигурување со затегнувачката чаура(7).
Доколку веќе сте монтирале затегнувачка чаура за алатот
за глодање, следете ги работните чекори во следниот
дел.
Затегнувачката чаура(13) мора да влезе во навртката за
осигурување со малку маневрирање. Навртката за
осигурување(7) треба да може лесно да се монтира.
Доколку навртката за осигурување или затегнувачката
чаура се оштетени, веднаш заменете ги.
Ставете го вилушкастиот клуч(15) на прифатот на
алатот(14) (види сликаC1).
Одвртете ја навртката за осигурување(7) во правец
спротивен на стрелките на часовникот со вилушкаст
клуч(16).
Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги
сите монтажни делови со мека четка или со издувување
со помош на компресиран воздух.
Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за
алат(14).
Лабаво затегнете ја навртката за осигурување.
u Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
со навртка за осигурување, доколку не е монтирана
глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Вметнување на глодалка (види слики C1– C2)
Според примената, глодалките се расположливи во
најразлични изведби и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо
сечење (HSS) се погодни за обработка на меки
материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се
специјално наменети за цврсти и абразивни материјали
како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
Монтирање на корпата на глодалката (види слика A)
За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на
глодалката(2) повторно на погонската единица(1).
Отворете ја пеперутка-завртката(10) на корпата на
глодалката(2).
Ставете ја погонската единица(1) во корпата за
глодање(2).
Затворете ја пеперутка-завртката(10) на корпата за
глодање(2).
u По монтажата секогаш проверете, дали погонската
единица лежи цврсто во корпата на глодалката.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Подесување на длабочината за глодање
u Подесувањето на длабочината на глодање смее да
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Отворете ја пеперутка-завртката(10) на корпата на
глодалката(2).
1 609 92A 5JF | (10.12.2021) Bosch Power Tools
Похожие устройства
- Аксион Т-33 Руководство по эксплуатации
- Indesit ITR 4180 W Руководство по эксплуатации
- Scarlett SC-CM33004 Руководство по эксплуатации
- Patriot PS 888 S Руководство по эксплуатации
- Patriot FM 380 Руководство по эксплуатации
- Kitfort КТ-3013 Руководство по эксплуатации
- Kitfort KT-3046-3 Руководство по эксплуатации
- Patriot BR 140Li Руководство по эксплуатации
- Patriot LM 401 Руководство по эксплуатации
- Patriot PL 110 Руководство по эксплуатации
- Patriot CS 195 Руководство по эксплуатации
- Patriot DB 460 Руководство по эксплуатации
- Patriot LS 601 The One Руководство по эксплуатации
- Patriot BR 114Li THE ONE Руководство по эксплуатации
- Patriot BR 104Li THE ONE Руководство по эксплуатации
- Patriot FD 750H Руководство по эксплуатации
- Patriot CE 5322 Руководство по эксплуатации
- Patriot pt se24 Руководство по эксплуатации
- Ballu BWH/S 50 Rodon Руководство по эксплуатации
- Patriot LS 750 Руководство по эксплуатации