Rovus PORTABLE GARMENT STEAMER — како правилно да се користи парна пегла за облека [52/76]

Превью страниц Страница 52 / 76
Rovus PORTABLE GARMENT STEAMER Инструкция по эксплуатации онлайн [52/76] 282955
52

Насочете ја пареата кон материјалот кој сакате да го испеглате.

Внимателното движење нанапред или наназад околу материјалот кој го пеглате уште повеќе ќе го забрза процесот.

ВНИМАНИЕ: Секогаш прскалката или додатокот треба да бидат насочени во безбеден правец подалеку од корисникот,
други луѓе и животни.
Пеглање на алиштата

Наместете го парчето облека на чиста закачалка.

Насочете ја пареата кон долниот дел од облеката.

Пареата ќе се шири и на внатрешниот и на надворешниот дел од ткаенината измазнувајќи ги наборите. Полека лизгајте ја
прскалката нагоре на облеката.

Тргнете ја прскалката за пареата во друга насока и измазнете ја ткаенината со рака.

Повторете го ова онолку пати колку што е потребно за да ја испеглате облеката.
ЧУВАЊЕ

Исклучете го кабелот од струја.

Оставете го апаратот убаво да се олади.

Извадете ги сите додатоци.

Истурете ја цела вода од резервоарот. Затворете го капачето од резервоарот меѓутоа немојте премногу да го стегате.

Чувајте ги сите додатоци заедно со апаратот на суво, ладно место.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА БИГОРОТ

Водата содржи минерали чие таложење може да доведе до појава на бигор и да влијае на слободниот проток на пареа.

ЗАБЕЛЕШКА: Најдобар начин да го избегнете бигорот е да користите дестилирана и деминерализирана вода. Доколку не
сте во ваква можност, тогаш се препорачува повремено да го чистите насобраниот бигор на следниот начин:

Исклучете го апаратот и оставете го убаво да се олади.

Извадете ги сите додатоци.

Отворете го капачето на резервоарот и истурете ја цела вода.

Со чашата мерица, подгответе смеса од 175 мл оцет и 175 мл вода.

Полека истурајте ја оваа смеса во резервоарот.

Оставете ја 1 – 2 часа.

Истурете го растворот од резервоарот.

Доколку се уште има бигор, повторете ја постапката.

Убаво исплакнете го резервоарот за да се изгуби мирисот на оцет.

Затворете го капачето.
СПЕЦИФИКАЦИИ

Тежина на апаратот: 730 гр.

Капацитет на резервоарот за вода: 200 мл

Време потребно за појава на пареа: ~ 2 минути

Времетраење на испуштањето на пареа: ~ 10 минути

Волтажа: 220V-240V~, 50/60Hz

Моќност: 800 W
МОЖНИ ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА
Проблем Можни причини Решение
Апаратот не се
загрева.
Апаратот не е вклучен во струја. Вклучете го апаратот во струја.
Прекинувачот не е во позиција
ON.
Притиснете го прекинувачот ON/OFF.
Сијаличката ќе засвети.
Апаратот се
загрева но не
испушта пареа.
Резервоарот за вода е празен. Наполнете го резервоарот.
Има бигор. Исчистете го бигорот.
Електричен спој. Однесете го апаратот кај овластен сервисер.
Има проблем со
отворот за пареа.
Има бигор. Нормално е апаратот да престане со
емитување на пареа повремено на неколку
секунди. Доколку пареата не излегува подолг
временски период, водете се согласно
насоките за чистење на наслагите од бигор.

Содержание

Откријте ги најдобрите техники за пеглање на облека со парна пегла. Научете како да избегнете бигор и да ги одржувате вашите уреди во одлична состојба.

Скачать
Случайные обсуждения

Ответы 1

Греется, но нет пара.
1 год назад