Stiga SGT 48 AE Руководство по эксплуатации онлайн [184/318] 768565

Stiga SGT 48 AE Руководство по эксплуатации онлайн [184/318] 768565
2
Имајте на ум дека
корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста
по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на
одговорности на операторот
спаѓа и проценката на
можните ризици на теренот
каде треба да се работи и
затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни
мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста
на другите особено на
закосени, нерамни, лизгави
или нестабилни терени.
Во случај кога во
опкружувањето на машината
има други лица, проверете
дали корисникот ги
почитува упатствата што се
содржани во ова упатство.
2.2 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична
заштита (СЛЗ)
Носете соодветна заштитна
облека посочена како облека
за заштита при косење,
ракавици против вибрации,
шлем, заштитни очила,
заштита од прав, акустична
заштита и чевли со заштита
од сечење и лизгање.
Употребата на акустична
заштита ја намалува
можноста да ги слушнете
можните предупредувања
(повикување или аларми).
Обрнувајте исклучително
внимание на она што
се случува околу
областа за работа.
Не носете марами, наметки,
ремени, бразлетни, облека
со лелеави делови или со
врвки и врски и слични
додатоци што висат или се
долги и би можеле да се
закачат за машината или за
предмети и материјали кои
се производ на работата.
Соодветно приберете ја
косата доколку е долга.
ОБЛАСТ ЗА РАБОТА/
МАШИНА
Проверете ја темелно
целата површина за
работа и отстранете сè
што би можело да биде
исфрлено од машината
и да ги оштети уредот за
сечење/ротирачки делови
(камења, гранки, железни
остатоци, коски, итн.).
2.3 ВО ТЕКОТ НА
РАБОТАТА
ОБЛАСТ ЗА РАБОТА
Не користете ја машината
во средина каде постои
ризик од експлозија, во
присуство на запаливи
материи, гасови или
нечистотија. Електричните
делови предизвикуваат
искри што може да ги
запалат нечистотиите
или испарувањата.
Работете само на дневна
светлина или при добро
вештачко осветление и при
услови на добра видливост.
Оддалечете ги лицата,
децата и животните
од областа за работа.
Неопходно е децата да
бидат под надзор на
друго возрасно лице.
Проверете дали другите
лица се оддалечени
најмалку 15 метри од
опсегот на работа или
најмалку 30 метри заради

Содержание

Скачать