Rovus 7688 Руководство по эксплуатации онлайн [54/84] 772452

Rovus 7688 Руководство по эксплуатации онлайн [54/84] 772452
54
Прекинувач за “Smart“ функција
Доколку ви треба пауза во текот на употребата, само наместете го главниот дел во вертикална положба во однос на главата за чистење, производот ќе престане
да емитува пареа и нема потреба да го исклучите апаратот. Кога ќе бидете подготвени да продолжите, навалете го главниот дел и пареата повторно ќе почне
да излегува. (види слика 4)
Слика 4
Употреба на лизгачот за теписи (достапен во сетот со додатоци)
Потсетување:
Кога сакате да го исчистите тепихот со лизгачот за теписи, се препорачува апаратот да работи на агресивен начин за подобар ефект.
Со употреба на овој апарат можете да ги дезинфицирате теписите и да го отстраните непријатниот мирис од нив.
1.
Ставете го лизгачот на тепих. Подигнете го чистачот со навлаката за чистење и наместете го на лизгачот. (види слика 5, 8)
2.
Откако ќе го вклучите апаратот, навалете го главниот дел и загрејте го околу 20-30 секунди. Почнете да го движите производот нанапред и наназад.
(види слика 5, 9)
Употреба на рачниот чистач на пареа
Покрај подовите и теписите, со овој чистач можете да ги третирате и останатите површини.
1.
Пред да го извадите рачниот чистач од главниот дел, задолжително проверете дали апаратот е исклучен од струја. (види слика 6,1)
2.
Наместете ја прскалката (види слика 6, 2)
3.
Рачниот чистач на пареа се контролира преку сензор на допир за микро движења. Само треба да го притиснете сензорот за апаратот да почне да
испушта пареа и да ја тргенте раката од него за пареата да престане да излегува. (види слика 6, 3)
4.
Притиснете го копчето на двете страни од прскалката и извадете ја.
ГРИЖА И ОДРЖУВАЊЕ
По употреба и складирање
1.
По употреба, исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер и ставете го исправена позиција. Оставете го да се олади 2-3 минути.
2.
Извадете ја навлаката за чистење.
3.
Производот можете да го прикачите за голема закачалка или пак да го потпрете исправен покрај ѕидот.
4.
Испразнете го резервоарот за вода доколку не планирате да го користите апаратот подолг временски период.
Чистење на чистачот на пареа
1.
Чистачот мора редовно да се чисти.
2.
По 10-15 употреби, наполнете го резервоарот со вода и затворете го капачето. Протресете го производот и истурете ја водата од резервоарот.
3.
Доколку забележите дека се намалува протокот на пареа, време е да ја исчистите прскалката. Наслагите можете да ги исчистите со игла. (види слика 7)
Грижа за навлаката за чистење
1.
Ви препорачуваме да ја перете навлаката одделно од останатите ткаенини за да одбегнете да се залепат конци и влакна на неа. Користете само течен
детергнет. Не користете избелувачи или омекнувачи. Исушете ја на рамна површина. Не ја сушете во машина. (види слика 8, 1)
2.
Ако има извлечени конци на навлаката, внимателно исечете ги со ножички. Не ги извлекувајте и не ги сечете премногу. (види слика 8, 2)
МОЖНИ ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА
Problem Можна причина и решение
Чистачот на пареа не се вклучува 1. Проверете дали прекинувачот е во позиција ON.
2. Проверете дали приклучокот е убаво наместен во штекер.
3. Проверете го прекинувачот и кабелот.
Чистачот не емитува пареа. 1. Проверете дали има вода во резервоарот.
2. Проверете дали прекинувачот за пареа е вклучен.
3. Проверете дали апаратот е навален. Доколку главниот дел го
поставите вертикално во однос на главата за чистење, производот ќе
престане да испушта пареа.
4. (Доколку станува збор за рачниот чистач) Задолжително проверете
дали убаво ја држите рачката.
Чистачот на пареа остава вода на подот 1. Проверете дали навлаката на чистачот е премногу мокра.
2. Откако ќе го вклучите, почекајте 20-30 секунди да се загрее. Во
спротивно температурата на пареата нема да биде доволно висока.
Подовите се со дамки или прошарани по чистењето со
пареа.
1. Можно е навлаката да е нечиста. Исклучете го од струја и заменете ја
навлаката за чистење.
2. Доколку сте ја переле навлаката со детергент во прав, можно е се
уште да има остатоци од прашакот на навлаката. Навлаката перете ја со
течен детергент.
3. Доколку треба да исчистите дел од подот со тврдокорни дамки, прво
исчистете со крпа со средство за чистење, а потоа поминете со чистачот
на пареа.
4. На подот може да има остатоци доколку чистите со некое средство за
чистење. Повторно исчистете го подот со чистачот на пареа.
5. Ако водата во вашата област е релативно тврда, се препорачува
употреба на дестилирана вода.
Не можете да го движите чистачот на пареа 1. Проверете дали навлаката е правилно наместена.
2. Проверете дали навлаката е нечиста. Доколку е, заменете ја.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
Производот мора да биде сув и да не е изложен на директна сончева светлина за време на транспорт.
Температура и влажност на работа: 1°C до 40°C и до 70% RH
Температура и влажност на чување: -10°C до 40°C и до 70% RH
Работни часа: 160 часа
Трајност на маската: 2 години

Содержание

Похожие устройства

Скачать
Случайные обсуждения

Ответы 0

Сколько бар?
1 год назад