Bosch Quigo III без держателя MM2 0.603.663.520 Инструкция по эксплуатации онлайн [117/179] 796860

Bosch Quigo III (0603663522) Инструкция по эксплуатации онлайн [117/179] 500950
Македонски | 117
Bosch Power Tools 1 609 92A 48F | (11.12.17)
Адаптер-плочата 3 може да биде прицврстена на држачот 16 или на
стативот 11.
Држач: Поставете ја адаптер-плочата со 1/4"-прифатот 1 на завртката 13
на држачот и силно затегнете ја за држачот.
Напомена: Олабавете ја завртката за фиксирање 14 на држачот, доколку
сакате да ја промените позицијата на мерниот уред. При вртење на
адаптер-плочата без олабавена завртка за фиксирање, адаптер-плочата
може да се разлабави и мерниот уред може да падне.
Статив: Затегнете ја завртката за фиксирање на стативот во 1/4"-
прифатот 1 на адаптер-плочата.
Притиснете го мерниот уред во адаптер-плочата 3, така што механизмите за
фиксирање на адаптер-плочата ќе се вклопат во отворите на двете страни од
мерниот уред. Адаптер-плочата може да биде прицврстена на долната,
задната и горната страна на мерниот уред. Проверете дали е стабилен
мерниот уред.
При монтажата на адаптер-плочата на задната страна, мерниот уред во
висина може да биде странично центриран при монтажа на горната и
долната страна. Вртете ја фината завртка за подесување 2 на адаптер-
плочата, за да ја центрирате ласерската линија на референтната точка.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин црвеното
светло на ласерот изгледа посветло за окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските
очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
OBJ_BUCH-2639-003.book Page 117 Monday, December 11, 2017 9:35 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать