Tefal X-Plorer Serie 130AI Animal & Allergy RG9077WH [66/67] Животна средина

Tefal X-Plorer Serie 130AI Animal & Allergy RG9077WH, отличный [66/0] Животна средина
130 131
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Во согласност со постојните прописи, сите апарати што повеќе не се користат мора да се однесат во овластен
сервисен центар којшто е задолжен за нивно фрлање во отпад.
Помогнете да ја заштитиме животната средина,
Уредот е наменет за долгогодишна употреба. Но, кога ќе одлучите да го замените, не заборавајте
на заштитата на животната средина и овозможете уредот повторно да се користи, рециклира или
да се обнови на друг начин. Отпадната електрична и електронска опрема може да содржи штетни
супстанции што може да ја загрозат животната средина и здравјето на луѓето.
Оваа ознака значи дека производот не смее да се фрла со отпадот од домаќинството. Однесете
го во собирен центар за отпад, кај дистрибутерот кога купувате нов производ од ист тип или во овластен
сервисен центар за обработка.
Пред да го фрлите уредот во отпад, извадете ја батеријата и фрлете ја во согласност со локалните закони и
прописи.
Ако имате прашања, контактирајте со продавачот кој ќе ви каже што да направите со производот.
ПОЕДНОСТАВЕНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ НА ЕУ
Group SEB изјавува дека радиоопремата е усогласена со директивата 2014/53/EU
Работен фреквентен појас: 2400-2483,5 Mhz
Максимална радиофреквентна моќност: 17 dBm@11b /14 dBm@11g /13 dBm@11n
Groupe SEB наведува дека апаратот е усогласен со Регулативата 801/2013.
Апаратот користи 1,9 W кога е во режим на подготвеност додека ја одржува мрежната врска.
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО АПАРАТОТ?
Во зависност од моделот:
• Полначот е жежок:
4 Тоа е сосема нормално. Правосмукалката можете да ја оставите трајно приклучена во полначот без никаков
ризик.
• Полначот е приклучен, но апаратот не се полни:
- Полначот е неправилно приклучен во апаратот или е неисправен.
4 Проверете дали полначот е правилно приклучен или обратете се на овластен сервисен центар за замена
на полначот.
• Апаратот запира во текот на работата:
- Апаратот можеби се прегрева.
4 Запрете го апаратот и оставете го да се лади најмалку 1 час.
4 Во случај прегревањето да се повторува, обратете се во овластениот сервисен центар.
• Апаратот престана да работи откако засвети индикаторот за напојување:
- Апаратот е испразнет.
4 Наполнете ја правосмукалката.
• Електричната четка не работи правилно или прави невообичаена бука:
- Ротирачката четка или цревото се блокирани.
4 Запрете ја правосмукалката и исчистете ги.
- Четката е истрошена.
4 Обратете се во овластен сервисен центар за да ја замените четката.
- Ременот е истрошен.
4 Обратете се во овластен сервисен центар за да го замените ременот.
• Електричната четка запира во текот на работата:
- Безбедносната функција е вклучена.
4 Запрете ја правосмукалката. Проверете дали има предмет што го попречува ротирањето на четката;
доколку има, отстранете го и исчистете ја електричната четка, а потоа вклучете ја правосмукалката.
• Правосмукалката послабо вшмукува, бучна е, пишти:
- Каналот за вшмукување е делумно блокиран.
4 Одблокирајте го
- Садот за прав е полн.
4 Испразнете и исчистете го.
- Садот за прав не е правилно поставен.
4 Поставете го во правилна положба.
- Главата за вшмукување е затната.
4 Отстранете ја електричната четка и исчистете ја.
- Заштитниот пенест филтер е полн.
4 Исчистете го
Во зависност од моделот: *
Екран Опис на грешката Можна причина/решение
1032
Роботот не може да ја пронајде
базата за полнење
Базата за полнење не е приклучена во струја. Не
заборавајте да ја приклучите базата за полнење.
Базата за полнење е тешко достапна затоа што
има премногу предмети на подот.
Обезбедете му пристап на роботот така што ќе ги
расчистите предметите околу базата за полнење.
2001
Роботот ќе се исклучи поради
испразнета батерија
Батеријата е премногу испразнета и роботот не
може да се врати на базата за полнење. Рачно
поставете го роботот на базата за полнење за
да се наполни.
2010 Роботот повеќе не е на подот
Роботот е подигнат.
Поставете го роботот на подот.
2020
Едно од тркалата на роботот е
заглавено
Едно од тркалата е заглавено и не работи
правилно.
Исклучете го роботот и отстранете го елементот
што го блокира тркалото.
2021
Моторот за вшмукување е
блокиран
Роботот не може правилно да се вклучи. Јавете
се во сервисниот центар и наведете го кодот на
грешка: 2021
2022
Електричната четка е заглавена/
блокирана
Електричната четка не работи правилно.
Исклучете го роботот и отстранете го елементот
што ја блокира четката.
Не заборавајте да ја исчистите електричната
четка со помош на испорачаната алатка за
отстранување коса или влакна.
2024 Роботот не го наоѓа својот пат
Роботот е блокиран.
Преместете го роботот на место каде што нема
предмети и повторно започнете го чистењето.
Преместете го роботот.
2025
Роботот има проблем со сензорите
за заштита од пад
Сензорите за заштита од пад се нечисти.
Исчистете ги сензорите за заштита од пад со
испорачаната крпа.
Роботот е заглавен на врвот од скалите.
Преместете го роботот.
2030
Садот за прав не е поставен во
роботот
Роботот не може да работи без садот за прав.
Правилно поставете го садот за прав со
филтерот.
Ставете го садот за прав со филтерот во
апаратот.
2040
Сензорите за навигација на
роботот се неисправни
Роботот не може правилно да се вклучи. Јавете
се во сервисниот центар и наведете го кодот на
грешка: 2040.
2041
Жироскопот на роботот е
неисправен
Роботот не може правилно да се вклучи. Јавете
се во сервисниот центар и наведете го кодот на
грешка: 2041.
2050 Се појави проблем со роботот
Исклучете и вклучете го роботот, а потоа
вратете го на базата за полнење. По
вклучувањето на системот, роботот ќе биде
подготвен за секоја наредба.
Роботот не се вклучува
Батеријата на роботот не е доволно наполнета
за да се вклучи.
Поставете го роботот на базата за полнење;
проверете дали прекинувачот ON/OFF
(ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО) е поставен на OFF
(ИСКЛУЧЕНО).
Поставете го прекинувачот во положба ON
(ВКЛУЧЕНО).
MK

Содержание

Похожие устройства

Скачать