Gorenje K17WII Руководство по эксплуатации онлайн [12/44] 797515

Gorenje K17WII Руководство по эксплуатации онлайн [12/44] 797515
12
капакот непосредно по зовривање на
водата: пареата што испарува од
бокалот е многу жешка.
Избегнувајте да го допирате
надворешниот дел на бокалот, бидејќи
многу се вжештува при работа.
Секогаш кревајте го бокалот држејќи
го за рачката.
Секогаш проверувајте дали водата го
покрива газерот на бокалот, за да
спречите бокалот да врие на празно.
На газерот на бокалот може да се јави
кондензација на вода. Ова е сосема
нормално и не значи дека бокалот е
неисправен.
Во зависност од тоа колку е тврда
водата во Вашата средина, при
употребата на вашиот бокал може да
се појават мали дамки на грејачот. Со
текот на времето, оваа појава се
јавува како резултат од наталожениот
бигор на грејачот и на внатрешноста
на бокалот. Колку е водата потврда,
толку побргу се наталожува бигор.
Бигорот може да биде во различни
бои. Иако бигорот е безопасен,
премногу бигор може да влијае врз
работата на бокалот. Редовно
отстранувајте го бигорот од бокалот,
следејќи ги насоките дадени во делот
од упатството со наслов
„Отстранување на бигор“.
Оваа опрема е означена во согласност со
европската Директива 2012/19 / EУ за отпад
од електрична и електронска опрема
(ОЕЕО).
Директивата претставува рамка за
враќање и рециклирање отпад од
електрична и електронска опрема, важечка
ширум Европа.
Електромагнетни полиња (ЕМП)
Овој апарат на Горење е во
сообразност со сите стандарди во
однос на електромагнетните полиња
(ЕМП). Според достапните научни
сознанија, апаратот е безбеден за
употреба доколку со него се ракува
соодветно и според насоките дадени
во ова упатство за употреба.
Заштита од вриење на празно
Овој бокал има вграден уред за
заштита од вриење на празно. Со овој
уред, бокалот автоматски се
исклучува доколку случајно се вклучи
празен или со недоволно вода.
Копчето „вклучи/исклучи“ (on/off)
останува во положба „вклучено“ (on),
но сијаличката во форма на прстен
што означува „вклучено“ се гасне.
Завртете го копчето „вклучи/исклучи“
(on/off) во положба „исклучено“ (off) и
оставете го бокалот да се излади
околу 10 минути. Потоа, тргнете го
бокалот од основата, за да ја
ресетирате заштитата од вриење на
празно. Сега, бокалот е веќе спремен
за повторна употреба.
Пред прва употреба
1. Доколку на основата или бокалот има
налепници, отстранете ги.
2. Поставете ја основата на сува,
стабилна и рамна површина.
3. Исплакнете го бокалот со вода.
4. Наполнете го бокалот со вода до
максималното ниво и оставете го
еднаш да ја изврие (видете „Употреба
на апаратот“).
5. Истурете ја зовриената вода и
исплакнете го бокалот уште еднаш.
Употреба на апаратот
1. Отворете го капакот со притискање
на копчето за отворање на капакот.

Содержание

Похожие устройства

Скачать