Gorenje MO28A5BH Руководство по эксплуатации онлайн [80/168] 797903

Gorenje MO28A5BH Руководство по эксплуатации онлайн [80/168] 797903
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или гумата на вратата
се оштетени, печката не смее да работи сѐ додека не ја
поправи компетентно лице;
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е кој било, освен
компетентно лице, да врши сервисирање или поправка што
опфаќа отстранување на капакот кој обезбедува заштита
од изложување на микробранова енергија;
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Течности и друга храна не смее да
се загреваат во затворен сад бидејќи може да експлодираат.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со
апаратот.
Не вадете ги ногарките на печката и не блокирајте го воздухот.
Користете само прибор погоден за микробранови печки.
Кога загревате храна во пластични или хартиени садови,
внимавајте на печката поради можноста за палење.
Ако забележите чад, исклучете го апаратот или извадете
го од струја, со затворена врата за да се задуши пламенот.
Загревањето на пијалаци во микробранова печка може да
доведе до одложено еруптивно вриење, па затоа мора да
се внимава при ракување со садот.
Содржината на шишиња и теглички со храна за бебиња
треба да се промеша или протресе, а температурата да се
провери пред да се консумира, за да нема изгореници.
Јајцата во лушпа и цели тврдо варени јајца не треба да се
загреваат во микробранова печка, бидејќи може да
експлодираат, дури и кога загревањето во печката
завршило.
80

Содержание

Похожие устройства

Скачать
Случайные обсуждения