Bosch GLL 3-80 Professional 0.601.063.S00 [131/218] Монтажа

Bosch GLL 3-80 Professional 0.601.063.S00 [131/218] Монтажа
Македонски | 131
Bosch Power Tools 1 609 92A 3PW | (27.4.17)
Технички податоци
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии 11
повлечете го блокаторот 10 и извадете го капакот од
преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа
внимавајте на половите во согласност со приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Приказот на батеријата 2 секогаш го покажува
моменталниот статус на батеријата:
Ако батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии
полека се намалува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
Точност при нивелирање“).
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„On (за работење без автоматика за нивелирање) или
во позиција „On (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори 1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„Off“. При исклучувањ
е, осцилирачката единица се
блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Линиски ласер GLL 3-80
Број на дел/артикл
3 601 K63 S..
Работно подрачје
1)
–стандардно
во режим на приемник
со ласерски приемник
30 м
25 м
5–120м
Типична точност при
нивелирање
±0,2мм/м
Типично поле на
самонивелирање
±4°
Типично време на нивелирање
<4с
Температура при работа
10 °C ... +40 °C
Температура при складирање
20 °C ... +70 °C
релативна влажност на
воздухот макс. 90 %
Класа на ласер
2
Тип на ласер
<10 mW, 630650 nm
C
6
10
Отстапување на ласерската
линија
50 x 10 mrad (целосен
агол)
најкратко времетраење на
импулсот
1/10000 с
Прифат за стативот
1/4", 5/8"
Батерии
4x1,5VLR6(AA)
Оперативно време со 3
ласерски нивоа
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
0,82 кг
Димензии
(Должина x Ширинаx Висина)
149 x 84 x 142 мм
Вид на заштита
IP 54 (заштита од прав и
прскање на вода)
1) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на
околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
Серискиот број 13 на спецификационата плочка служи за јасна
идентификација на вашиот мерен уред.
Приказ Капацитет
Трајно зелено светло 10075 %
Непрекинато жолто светло 7535 %
Трајно црвено светло 3510 %
Нема светло Празни батерии
OBJ_BUCH-3085-001.book Page 131 Thursday, April 27, 2017 11:41 AM

Содержание

Скачать