Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [305/416] 837943
![Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [305/416] 837943](/views2/2072877/page305/bg131.png)
Македонски | 305
– Притиснете го додатокот за маса, додека не се вклопи
напред во отворот за алатот.
Монтирање на неповратна блокада (види сликаe)
Во случај на повратен удар неповратната блокада(7)
спречува алатот да се исфрли во правец на корисникот.
Притоа острите запци на запченикот се фаќаат за
површината на алатот и го задржуваат.
– Притиснете го копчето за притискање(42) на
неповратната блокада(7).
Со тоа се повлекува болцната-водилка.
– Ставете ја неповратната блокада(7) преку клинот за
расцепување(27) и отпуштете го копчето за
притискање(42).
– Вметнете ја неповратната блокада во правец на
заштитниот капак, додека болцната-водилка не се
вклопи во задниот отвор горе на клинот за
расцепување.
– Проверете дали болцната-водилка е прицврстена за
отворот и дали беспрекорно функционира
неповратната блокада. Внимателно подигнете ги
запчениците на неповратната блокада. При отпуштање
затегнатите запченици мора да се движат надолу и да
го допрат додатокот за маса.
Монтирање на паралелниот граничник (види сликаf)
Паралелниот граничник (9) може да се позиционира лево
или десно од сечилото за пила.
– Олабавете ја затезната дршка (43) на паралелниот
граничник (9). На тој начин се растеретува V-
водилката (44).
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб (45) на масата за
сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот
граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на
пила (46).
Сега паралелниот граничник може да го поместувате
по желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка (43) надолу.
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види сликаg)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник(47) на паралелниот
граничник(9).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник(9).
За монтажа користете го сетот за прицврстување
„Дополнителен паралелен граничник“(48) (2 завртки за
прицврстување, 2 пеперутка-навртки).
– Вметнете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник(9).
– Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
– Поместете го дополнителниот паралелен
граничник(47) над главите на завртките за
прицврстување.
– Затегнете ги завртките со помош на пеперутка-
навртките.
Монтирање на аголниот граничник (види
сликаh1−h2)
– Ставете ја шината(49) на аголниот граничник(3) во
соодветните жлебови на водилката(5) на масата за
сечење.
За подобро налегнување на долгите делови за обработка
аголниот граничник може да се прошири низ профилната
шина(50).
– По потреба монтирајте ја профилната шина со помош
на пеперутка навртките(51) на аголниот граничник.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
u Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
u За да избегнете опасност од пожар при сечење на
алуминиум, испразнете го исфрлувачот на
струготини и не користете всисувач на струготини.
Празнење на исфрлувачот на струготини (види
сликаi)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го отворите
долниот поклопец на сечилото за пила(52).
Bosch Power Tools 1 609 92A 72F | (13.10.2021)
Похожие устройства
- Friulsider FM744 М12 20х80 ZN (2 шт) ФАС 76014 2 12 Отказное письмо
- STOUT ALPHA 350 6 секций, боковое подключение SRB-2310-035006 RG00908P36VGEB Технический паспорт
- STOUT ALPHA 500 8 секций SRB-2310-050008 RG00908P3BAT9I Технический паспорт
- STOUT Space 350 10 секций боковое подключение SRB-0310-035010 Технический паспорт
- STOUT Space 350 14 секций боковое подключение SRB-0310-035014 Технический паспорт
- STOUT Space 500 10 секций боковое подключение SRB-0310-050010 Технический паспорт
- Friulsider нейлон TU 6х30 (100 шт) FR_60101006030IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 10х50 (50 шт) FR_60101010050IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 5х25 (100 шт) FR_60101005025IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 8х40 (100 шт) FR_60101008040IM Отказное письмо
- STOUT Space 500 11 секций боковое подключение SRB-0310-050011 Технический паспорт
- STOUT Space 500 12 секций боковое подключение SRB-0310-050012 Технический паспорт
- STOUT Space 500 13 секций боковое подключение SRB-0310-050013 Технический паспорт
- STOUT Space 500 14 секций боковое подключение SRB-0310-050014 Технический паспорт
- STOUT Space 500 4 секции боковое подключение SRB-0310-050004 Технический паспорт
- STOUT Space 500 5 секций боковое подключение SRB-0310-050005 Технический паспорт
- STOUT Space 500 6 секций боковое подключение SRB-0310-050006 Технический паспорт
- STOUT Space 500 7 секций боковое подключение SRB-0310-050007 Технический паспорт
- STOUT Space 500 8 секций боковое подключение SRB-0310-050008 Технический паспорт
- STOUT Space 500 9 секций боковое подключение SRB-0310-050009 Технический паспорт