Bosch UniversalGardenTidy 2300 06008B1002 Инструкция к товару онлайн [149/218] 840477
![Bosch UniversalGardenTidy 2300 06008B1002 Инструкция к товару онлайн [149/218] 840477](/views2/2075600/page149/bg95.png)
Македонски | 149
Ракување
u Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се
запознаени со овие инструкции да го користат уредот.
Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте го производот вон дофат на деца
кога не го употребувате.
u Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност. Децата треба да
бидат под надзор да не си играат со уредот.
u Не користете ја машината кога во непосредна близина
има луѓе, а особено деца или животни.
u Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
u Додека ја користите машината, во круг од најмалку
3метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на
машината е одговорен за безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
u Користете ја машината само по дневна светлина или
под добро осветлување.
u Не употребувајте го уредот ако сте болни или под
влијание на алкохол, дрога или лекови.
u Избегнувајте работа со уредот при лоши временски
услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.
u При употребата на овој производ секогаш носете
облека од крут материјал на горниот дел од делото и
рацете
u Не користете отворени чевли или сандали кога го
користите уредот. Носете крути обувки и долги
пантолони (види слики C и L).
u Ако носите лабава облека, внимавајте таа да не се
вовлече во отворот за воздух, бидејќи тоа може да
предизвика повреда.
u Доколку имате долга коса, врзете ја и внимавајте да не
се вовлече во отворот за воздух, бидејќи тоа може да
предизвика повреда.
u Уредот користете го само со монтиран распрснувач
или вшмукувач.
u Пред работа внимателно прегледајте го просторот и
отстранете ги сите суштества и предмети.
u Проверете го напојниот/продолжниот кабел и
заменете го доколку има оштетувања. Заштитете го
напојниот/продолжниот кабел од топлина, масла и
остри рабови.
u Кабелот секогаш држете го зад уредот и понастрана од
него.
u Никогаш не користете го производот со неисправни
осигурачи, штитници и без заштитна опрема.
u Пред да почнете со работа проверете да се монтирани
сите рачки и штитници. Никогаш не работете со
машина која не е целосно монтирана или на која се
вршени недозволени преправки.
u При употребата на производот секогаш стојте
стабилно и на цврста подлога.
u Бидете свесни за Вашата околина и за можните
опасности што не можете да ги слушнете додека
дувалката/смукалката работи.
u Избегнувајте неправилно држење на телото и секогаш
одржувајте стабилна равнотежа.
u На коси површини чекорете внимателно и стабилно.
u Одете полека, не трчајте.
u Не дозволувајте нечистотија и отпадоци да влегуваат
во отворите за ладење.
u Лисјата и нечистотијата не дувајте ги кон луѓето што
стојат во близина.
u Не носете го уредот држејќи го за кабелот.
u Препорачливо е да носите заштитна маска.
u Почекајте ги сите компоненти на производот целосно
да запрат, пред да ракувате со нив. Сечилото
продолжува да ротира и откако моторот на уредот ќе
згасне и може да предизвика повреда.
u Не вршете промени на уредот. Неовластените
модификации можат да доведат до нарушување на
безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата
или вибрациите.
u Во модулот за смукање можат да се вшмукаат и други
предмети освен предвидените.
Не усисувајте цврсти предмети како големи гранки,
скршено стакло, метални делови и камења.
u Оштетен вентилатор или куќиште (струготини,
пукнатини, засеци) го зголемуваат ризикот отфрлени
предмети да предизвикаат повреда. Ако куќиштето е
оштетено, јавете се во Бош службата за корисници.
u Во ретки случаи (на пример при подолга употреба во
врели, суви услови) може поради вакуумот да настане
електростатичко полнење, којшто може да се
почувствува при допир со уредот.
Извлечете го кабелот од утикачот:
– секогаш кога го оставате уредот без надзор
– ако го прегледувате уредот, отстранувате блокада или
работите на него
– по судар со друг предмет. Прегледајте веднаш дали
уредот е оштетен и ако е потребно престанете веднаш
со работа
– ако производот почне да вибрира неконтролирано
(проверете веднаш)
Приклучување на струја
u Волтажата прикажана на натписната плочка мора да
биде иста со волтажата на електричната мрежа.
u Советуваме овој уред да биде приклучен на струја
преку утикач со заштитен уред за заостаната струја
што се активира при промена на јачината на струјата
од 30mA.
Bosch Power Tools F 016 L94 484 | (20.07.2022)
Похожие устройства
- Laski VD440/25 2000059001568 Инструкция к LASKI VD440/25 2000059001568
- Laski VD500P 2000059001575 Инструкция к LASKI VD500P 2000059001575
- Patriot PT BV2000E 755302451 Деталировка EAN8 20010454
- Patriot PT BV2000E 755302451 Инструкция по эксплуатации
- Ryobi RBV3000CESV 5133002190 Инструкция к Ryobi RBV3000CESV 3002190
- Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546 Инструкция к Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546
- Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-150 5133005666 Инструкция к Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546
- Grillo FD 220R 8RR5P Инструкция к товару
- Grillo FD 220R 8RR7C Инструкция к товару
- Grillo FD 450 c фронтальной декой и встроенным травосборником 8Y5AH Инструкция к товару
- RedVerg RD-SM243 6656122 Инструкция к REDVERG RD-SM243 6656122
- НЕВА Мототехника МТ1-ZS(GB420) 4650002230521 Руководство по эксплуатации
- НЕВА Мототехника МТ1-ZS(GB420) 4650002230521 Руководство двигатель
- Fachmann Garten Beginn 3/4", 25 м 05.016 Паспорт шланга Garten Beginn 3/4 25
- ООО "Фотон" КОПЕНГАГЕН цвет орех 4627074043212 Инструкция по сборке стола
- Era ERASF012-34 Факел, 50 см Б0044242 Паспорт
- Park скобы 10000 шт., лента 30 м 00 6395 Инструкция
- Cub Cadet с сиденьем LT3 PR105 105 см B&S 13HT71DN603 Руководство пользователя
- Cub Cadet XT3 QS137 14AIA5CA603 Инструкция к Cub Cadet XT2 PS117I 13BZA1CN603
- Evoline TRG84CH Инструкция