Bosch UniversalGardenTidy 2300 06008B1002 Инструкция к товару онлайн [150/218] 840477
![Bosch UniversalGardenTidy 2300 06008B1002 Инструкция к товару онлайн [150/218] 840477](/views2/2075600/page150/bg96.png)
150 | Македонски
u Со овој апарат употребувајте само кабли кои се
одобрени според спецификациите од произведувачот.
Обратете се во Сервисниот центар за тоа.
u Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
u Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги
напојниот или продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од
топлина, масло и оштри рабови.
u Користениот продолжен кабел мора да биде
водоотпорен и со соодветен пресек односно
дебелина. Врската не смее да се наоѓа во вода.
Електрична безбедност
Предупредување! Пред секое одржување
или чистење на производот, згаснете го и
исклучете го од напојување. Истото важи
и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
u Монтиран штитник на моторот! Моторот е опремен
со заштита од преоптоварување. Ако моторот
престане со работа, згаснете го и оставете го
неколку минути да се олади пред повторно да го
вклучите.
u Веднаш исклучете го кабелот од напојување
доколку се оштети при работата. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО
ОШТЕТЕНИОТ КАБЕЛ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД
НАПОЈУВАЊЕ.
Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно
заземјување. Работниот напон е 230VAC, 50Hz (за
земји вон ЕУ 220V или 240V). Употребувајте само
одобрени продолжни кабли. За подетални информации
обратете се во Вашиот Бош сервис.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од
подвижните делови, за да се избегне оштетување на
кабелот и негов контакт со металните делови.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да
бидат суви и да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се
проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат
само кога се во беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од
страна на овластен сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли, кабел, водови за жици
и макари со кабли што се во согласност со EN 61242 / IEC
61242 или IEC 60884-2-7 и се од типот H05VVV-F или
H05RN-F.
Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба
на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли:
– Пресек 1,25mm
2
или 1,5mm
2
– Максимална должина 30m за продолжниот кабел или
60m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка
Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде
заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките
прописи.
За дополнителни информации контактирајте лиценциран
електричар или најблискиот Bosch сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат
водоотпорни.
Напомени за производите, коишто не се продаваат во
ВБ:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е утикачот на
уредот да е приклучен на продожен кабел. Спојката на
продолжниот кабел мора да биде заштитена од прскање
на вода, да се состои од гума или да биде обложена со
гума. Продолжниот кабел мора да се користи со
растеретување од напрегање.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака Значење
Модул за дување
Модул за смукање
Правец на движење
Правец на реакција
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Носете заштитни ракавици
Уредот употребувајте го само со
монтиран вшмукувач.
F 016 L94 484 | (20.07.2022) Bosch Power Tools
Похожие устройства
- Laski VD440/25 2000059001568 Инструкция к LASKI VD440/25 2000059001568
- Laski VD500P 2000059001575 Инструкция к LASKI VD500P 2000059001575
- Patriot PT BV2000E 755302451 Деталировка EAN8 20010454
- Patriot PT BV2000E 755302451 Инструкция по эксплуатации
- Ryobi RBV3000CESV 5133002190 Инструкция к Ryobi RBV3000CESV 3002190
- Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546 Инструкция к Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546
- Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-150 5133005666 Инструкция к Ryobi ONE+ 18В RY18BVXA-0 5133005546
- Grillo FD 220R 8RR5P Инструкция к товару
- Grillo FD 220R 8RR7C Инструкция к товару
- Grillo FD 450 c фронтальной декой и встроенным травосборником 8Y5AH Инструкция к товару
- RedVerg RD-SM243 6656122 Инструкция к REDVERG RD-SM243 6656122
- НЕВА Мототехника МТ1-ZS(GB420) 4650002230521 Руководство по эксплуатации
- НЕВА Мототехника МТ1-ZS(GB420) 4650002230521 Руководство двигатель
- Fachmann Garten Beginn 3/4", 25 м 05.016 Паспорт шланга Garten Beginn 3/4 25
- ООО "Фотон" КОПЕНГАГЕН цвет орех 4627074043212 Инструкция по сборке стола
- Era ERASF012-34 Факел, 50 см Б0044242 Паспорт
- Park скобы 10000 шт., лента 30 м 00 6395 Инструкция
- Cub Cadet с сиденьем LT3 PR105 105 см B&S 13HT71DN603 Руководство пользователя
- Cub Cadet XT3 QS137 14AIA5CA603 Инструкция к Cub Cadet XT2 PS117I 13BZA1CN603
- Evoline TRG84CH Инструкция