Bosch IXO V basic 0.603.9A8.020 Инструкция по эксплуатации онлайн [158/262] 842715

Bosch IXO V basic 0.603.9A8.020 Инструкция по эксплуатации онлайн [158/262] 842715
1 609 92A 18V | (5.3.15) Bosch Power Tools
158 | Македонски
Електрична безбедност
Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на
приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не
смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер
заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од
електричен удар.
Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на
цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик
од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот
од електричен удар.
Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите
електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете
приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од
топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на
уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете
само продолжен кабел што е погоден за користење на
надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел
на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина
не може да се избегне, користете заштитен уред со
диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со
диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
Бидете внимателни како работите и разумно користете го
електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку
сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден
момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може
да доведе до сериозни повреди.
OBJ_BUCH-2253-002.book Page 158 Thursday, March 5, 2015 7:53 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать