Bosch IXO V basic 0.603.9A8.020 Инструкция по эксплуатации онлайн [159/262] 842715

Bosch IXO V basic 0.603.9A8.020 Инструкция по эксплуатации онлайн [159/262] 842715
Bosch Power Tools 1 609 92A 18V | (5.3.15)
Македонски | 159
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила.
Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за
заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во
зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите.
Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го
приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го
земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го
ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека
е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку
има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова
може да доведе до повреди.
Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во
сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе
може подобро да го контролирате електричниот апарат во
неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит.
Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од
подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може
да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав,
осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се
користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот
електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен
апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на
работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен
прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи,
ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
OBJ_BUCH-2253-002.book Page 159 Thursday, March 5, 2015 7:53 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать