Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару онлайн [257/335] 850971
![Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару онлайн [257/335] 850971](/views2/2087361/page257/bg101.png)
Македонски | 257
– Притиснете на рачката (3), навалете го осцилаторниот
заштитен капак (5) наназад до крај и држете го во оваа
позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (45).
u При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (44) и завртката
(43). Притиснете ја блокадата на вретеното (37),
додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Употреба
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика H)
Транспортниот осигурувач (35) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (1),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (35).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (35).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете го лостот за фиксирање (32), доколку го
заглавува механизмот за влечење (31). Повлечете го
кракот на алатот сосема нанапред и за блокирање на
механизмот за влечење повторно повлечете го
наназад лостот за фиксирање.
– Завртете ја завртката за подесување (24) сосема
нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (8) затегнете го
копчето за фиксирање (11).
– Притиснете на рачката (3) и истовремено навалувајте
го кракот на алатот на рачката (1) надолу додека
транспортниот осигурувач (35) не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика I)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (18) и (7).
– Вметнете ја испорачаната столарска стега (19) во
отворите предвидени за таа намена (33).
– Олабавете ја пеперутка-завртката (46) и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
навојната прачка (47).
Олабавување на делот што се обработува
За да ја олабавите столарската стега, свртете ја навојната
прачка (47) во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
Продолжување на масата за пила (види слика
J)
Флексибилниот систем за прикачување на
продолжетоците на масата за пила (48) Ви овозможува
голем број на варијанти на продолжување.
– По потреба ставете ги флексибилните продолжетоци
на масата за пила (48) во прифатите (36) на
електричниот алат или во прифатите (49) на
стационарните продолжетоци на масата за пила.
Подесување на закосениот агол
u Додека го подесувате аголот на закосување, не го
активирајте прекинувачот за вклучување/
исклучување (27). Доколку електричниот алат се
стартува од невнимание, постои опасност од повреда.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика K)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат
во граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е
затегнато.
– Вртете ја масата за пила (8) со држачот налево или
надесно додека агломерот (13) не го покаже саканиот
хоризонтален агол на закосување
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (11).
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (14):
лево десно
0°
45°; 30°; 22,5°; 15° 15°; 22,5°; 30°; 45°
Поставување на вертикалниот агол на закосување
(види слика L1−L2)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете го затезниот лост (39).
Bosch Power Tools 1 609 92A 4DT | (06.12.2018)
Похожие устройства
- Deko DKMS2000-255 Laser 063-4315 Руководство по эксплуатации
- Deko DKMS2200-255 Laser 063-4218 Инструкция по эксплуатации
- Dewalt 54V XR FLEXVOLT DCS778N Инструкция к товару
- Dewalt D 27111 Инструкция к Dewalt D 27111
- Dewalt DW 711 Инструкция к Dewalt DW 711
- Dewalt DW 712 Инструкция к товару
- Dewalt DW 713 Инструкция к товару
- Dewalt DW 717XPS Инструкция к товару
- Dewalt 1600 Вт DWS713 Инструкция к товару
- Dewalt DWS 778 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.3М-210 10062010 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.4М-210 10062020 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.6М-255 10062040 Инструкция к товару
- DWT KGS18-255 P 5.1.21 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2131/1 Dual 4300390 Инструкция к Einhell TC-SM 2131/1 Dual
- Einhell tc-sm 2531/2 u, 1900 вт, 254x30 мм, пропил 310x70 мм, со станиной 4300805 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2534/1 Dual 4300395 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 254 4300385 Инструкция по эксплуатации
- Einhell TE-SM 2131 Dual 4300860 Инструкция к товару
- Einhell TE-SM 216 Dual 4300865 Инструкция по эксплуатации