Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару онлайн [258/335] 850971
![Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару онлайн [258/335] 850971](/views2/2087361/page258/bg102.png)
258 | Македонски
– Целосно извлечете ја граничната водилка (18)
нанадвор.
– За фиксирање на подесливата гранична водилка
повторно затегнете го затезниот лост (39).
– Олабавете го затезниот лост (21).
– Рачката на алатот навалете ја на дршката (1) додека
агломерот (40) не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затезната рачка (21).
За брзо и прецизно подесување на стандарден агол 0°
и 45° на куќиштето има крајни граничници.
– Олабавете го затезниот лост (21).
– За тоа навалете ја рачката на алатот (1) до крај на
десно (0°) или до крај на лево (45°).
– Повторно цврсто стегнете го затезниот лост (21).
Ставање во употреба
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување (види слика M)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (27) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (27) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Само со притискање на рачката (3) кракот на алатот
може да се спушти надолу.
– За сечење дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување (27) мора
да ја притиснете рачката (3).
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (27).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
u Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (11) и
затезниот лост (21) пред сечењето. Инаку сечилото
за пила може да се заглави во делот што се
обработува.
u При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторниот заштитен капак може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја
отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите
кракот на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак
мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Означување на линијата за сечење (види слики
N1−N2)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на
сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може
точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате
осцилаторниот заштитен капак.
– За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
(28).
– Во зависност од саканиот правец, поставете ја
ласерската единица (20) со помош на лизгачот (50)
кон лево или кон десно. Притоа линијата на сечење
може да се прикаже со ласерски зрак, алтернативно
од левата или десната страна на сечилото за пила.
– Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот
зрак лево од сечилото за пила, насочете ги ознаките на
делот што се обработува на десниот раб на линијата на
ласерот.
Доколку линијата на сечење се прикаже со ласерскиот
зрак десно од сечилото за пила, насочете ги ознаките
на делот што се обработува на левиот раб на линијата
на ласерот.
Позиција на корисникот (види слика O)
u Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Хоризонтален
агол на
закосување
Вертикален агол
на закосување
Висина x ширина
[mm]
0° 0° 65 x 220
45° 0° 65 x 155
0° 45° 40 x 220
45° 45° 40 x 155
Минимални делови за обработка (= сите делови за
обработка, што може да се затегнат со столарска стега
(19) лево или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm
(должина x ширина)
1 609 92A 4DT | (06.12.2018) Bosch Power Tools
Похожие устройства
- Deko DKMS2000-255 Laser 063-4315 Руководство по эксплуатации
- Deko DKMS2200-255 Laser 063-4218 Инструкция по эксплуатации
- Dewalt 54V XR FLEXVOLT DCS778N Инструкция к товару
- Dewalt D 27111 Инструкция к Dewalt D 27111
- Dewalt DW 711 Инструкция к Dewalt DW 711
- Dewalt DW 712 Инструкция к товару
- Dewalt DW 713 Инструкция к товару
- Dewalt DW 717XPS Инструкция к товару
- Dewalt 1600 Вт DWS713 Инструкция к товару
- Dewalt DWS 778 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.3М-210 10062010 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.4М-210 10062020 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.6М-255 10062040 Инструкция к товару
- DWT KGS18-255 P 5.1.21 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2131/1 Dual 4300390 Инструкция к Einhell TC-SM 2131/1 Dual
- Einhell tc-sm 2531/2 u, 1900 вт, 254x30 мм, пропил 310x70 мм, со станиной 4300805 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2534/1 Dual 4300395 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 254 4300385 Инструкция по эксплуатации
- Einhell TE-SM 2131 Dual 4300860 Инструкция к товару
- Einhell TE-SM 216 Dual 4300865 Инструкция по эксплуатации