Bosch EasyCurvSander 12 без аккумулятора и зарядного устройства 06039C9001 Инструкция к товару онлайн [76/121] 861286

Bosch EasyCurvSander 12 без аккумулятора и зарядного устройства 06039C9001 Инструкция к товару онлайн [76/121] 861286
76 | Македонски
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Наполнетата батерија (2) ставете ја во електричниот алат,
додека не се заклучи истата.
Вклучување/исклучување
u Проверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
За исклучување на електричниот алат повторно
притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување
(6).
Бирање на бројот на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи (1) може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот.
1 низок број на вртежи
2 среден број на вртежи
3 висок број на вртежи
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Совети при работењето
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
u Електричниот алат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Совет: Брусете ги кривините секогаш со мал број на
вртежи, за да постигнете оптимални работни резултати.
Совет: Ергономски формираната површина на дршката
овозможува динамично и неуморно ракување на
електричниот алат (види слика F).
Брусење на површини
u Носете заштитни ракавици при брусењето на
метали.
Вклучете го електричниот алат, поставете го на подлогата
што се обработува и движете го со благ притисок преку
парчето што го обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусната мрежа, степенот
на избраниот број на вртежи и притисокот на
површината.
Само беспрекорната брусна мрежа може да придонесе
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на брусната мрежа.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот алат и
брусната мрежа.
Брусните мрежи со кои сте обработувале метал, не ги
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Грубо брусење
Поставете брусни мрежи со груба гранулација.
Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на вртежи и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
Поставете брусни мрежи со фина гранулација.
Со мала варијација на притисокот одн. промена на бројот
на вртежи може да го намалите степенот на бројот на
вртежи на брусниот диск, при што се задржува
ексцентричното движење.
Движете го електричниот апарат со рамномерен
притисок кружно по површината или наизменично по
должина или попречно на делот што се обработува. Не го
накосувајте електричниот алат, за да го избегнете
брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир.
По завршување на работниот процес, исклучете го
електричниот апарат.
Полирање
За полирање на лакови оштетени од времето, полирање
на гребнатини (на пр. акрилно стакло) електричниот алат
може да се опреми со сунѓер за полирање (опрема).
При полирањето изберете понизок број на вртежи
(степен1), за да избегнете прекумерно загревање на
површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на
помала површина. Средството за полирање нанесете го
1 609 92A 553 | (24.06.2019) Bosch Power Tools

Похожие устройства

Скачать