Bosch EasyCurvSander 12 без аккумулятора и зарядного устройства 06039C9001 Инструкция к товару онлайн [77/121] 861286

Bosch EasyCurvSander 12 без аккумулятора и зарядного устройства 06039C9001 Инструкция к товару онлайн [77/121] 861286
Македонски | 77
со сунѓер за полирање со вкрстени и кружни движења и
умерен притисок.
Оставете да се осуши средството за полирање на
површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш
не ја изложувајте исполираната површина на директно
сончево зрачење.
Редовно чистете ги сунѓерите за полирање, за да
обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете го
сунѓерот за полирање со благ детергент и топла вода, не
користете средства за разредување.
Табела на примена
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Најдобрата комбинација за обработка може да ја
одредите со практичен обид.
Примена Боја на брусната мрежа
(грубо брусење / фино брусење)
Степен на број на вртежи
Стругање на лакирани површини жолто/зелено 2
Репарирање на лакирани површини жолто 2/3
Отстранување на лакот портокалова 2/3
Меко дрво/цврсто дрво портокалова/жолта 3
Фурнир жолто 2/3
Алуминиум портокалова/зелена 2/3
Челик портокалова/зелена 2/3
Отстранување на 'рѓата од челикот портокалова/жолта 3
не'рѓосувачки челик портокалова/зелена 2/3
Полирање сунѓери за полирање 1
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
Bosch Power Tools 1 609 92A 553 | (24.06.2019)

Похожие устройства

Скачать