Bosch GPB 18V-5 C без аккумулятора и ЗУ 06014A4000 Инструкция к товару онлайн [175/243] 862008
![Bosch GPB 18V-5 C без аккумулятора и ЗУ 06014A4000 Инструкция к товару онлайн [175/243] 862008](/views2/2099718/page175/bgaf.png)
Македонски | 175
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
Вашето радио може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истото.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку
акумулаторската батерија е испразнета, радиото се
исклучува со заштитен прекинувач.
u Не го вклучувајте радиото повторно откако е
исклучено преку заштитниот прекинувач.
Батеријата може да се оштети.
Промена на акумулаторска батерија
Отворете ја рачката за заклучување(28) на капакот за
батеријата и отворете го капакот за батеријата(27).
За Отстранување на акумулаторската батерија
притиснете го копчето за отклучување на
акумулаторската батерија(25) и извлечете ја батеријата
од преградата за батерии. Притоа не употребувајте
сила.
За Вметнување на акумулаторската батерија, вметнете ја
истата во прифатот за батерии(29), така што
приклучоците на батеријата ќе легнат на приклучоците на
прифатот за батерија. Батеријата треба да се вклопи.
Затворете го капакот за батеријата(27) и заклучете го.
Приказ за наполнетост на батеријата
При вметната акумулаторска батерија, состојбата на
наполнетост на батеријата(26) можете да ја видите на
екранот, а при извадена батерија можете да ја видите на
самата акумулаторска батерија.
Приказ за состојба на наполнетост на
акумулаторската батерија на екранот
Приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската
батерија(b) се појавува на екранот, веднаш штом се
вметне акумулаторска батерија со доволен напон и
радиото не е поврзано со струјна мрежа.
Приказ Капацитет
80−100%
60−80%
40−60%
20−40%
5−20%
0−5%
Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на
акумулаторската батерија
Ако ја извадите акумулаторската батерија од радиото,
состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени
LED-светилки на приказот за состојба на наполнетост на
акумулаторската батерија.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 3× зелено 60−100%
Трајно светло 2× зелено 30−60%
Трајно светло 1× зелено 5−30%
Трепкаво светло 1× зелено 0−5%
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 5× зелено 80−100 %
Трајно светло 4× зелено 60−80 %
Трајно светло 3× зелено 40−60 %
Трајно светло 2× зелено 20−40 %
Трајно светло 1× зелено 5−20 %
Трепкаво светло 1× зелено 0−5 %
Ставање/менување на резервни батерии
За зачувување на времето на часовникот и останати
поставки на радиото мора да се вметнат резервни
батерии. Притоа се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
Отворете ја рачката за заклучување(28) на капакот за
батеријата и отворете го капакот за батеријата(27).
Доколку е потребно извадете ја акумулаторската
батерија(26).
За отворање на капакот од преградата за батерии(24)
притиснете на механизмот за заклучување(23) и
извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
испорачаните резервни батерии.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Повторно ставете го капакот од преградата за
батерии(24).
"REPLACE AA BATTERY WHEN UNIT NOLONGER KEEPS
CORRECT TIME": Заменете ги резервните батерии,
доколку времето на радиото не може да се зачува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
u Извадете ги резервните батерии од радиото
доколку не сте го користеле подолг период.
Доколку подолго време се чуваат во радиото,
резервните батерии може да кородираат и да се
испразнат.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7T0 | (27.05.2022)
Похожие устройства
- Al-Ko WR 2000 EasyFlex 113631 Взрыв-схема
- Al-Ko WR 2000 EasyFlex 113631 Инструкция к товару
- GROSSBERG 900х900х2150, высокий поддон 40 см, стекло матовое TM 109 Паспорт
- Einhell GE-CC 18 Li Kit 3424051 Инструкция к Einhell GE*CC 18 Li Kit 3424051
- Grossman 100x100x215 см, 4 места GR141 Инструкция к товару
- Grossman 90x100x215 см, 5 мест GR266 Инструкция к товару
- Grossman 90x120x225 см, 3 места GR227L Инструкция к товару
- Grossman 90x120x225 см, 3 места GR227R Инструкция к товару
- Grossman 90x90x215 см, 5 мест GR261 Инструкция к товару
- Grossman 90x90x225 см, 3 места GR121 Инструкция к товару
- Grossman 90x90x225 см, 3 места GR221 Инструкция к товару
- Grossman Classic 4 места, 100х100х205 см GR170QL Инструкция к товару
- Grossman Classic 90х90х205 см, 4 места GR171 Инструкция к товару
- MARONI LINE 90x90x228, сифон D50мм SR90M-BND-DN4 466167 Инструкция
- Fein ABLS 18 1.6 E Select 71300461000 Инструкция к товару
- Metabo SCV 18 LTX BL 1.6 601615850 Инструкция по эксплуатации
- Экопром Rostok дачная, без бака, серая 202.0000.803.000 Инструкция к Экопром 202.0000.803.000
- Экопром Rostok дачная, без бака, зеленая 202.0000.401.000 Инструкция к Экопром 202.0000.803.000
- Bosch ISIO 0600833109 Инструкция по эксплуатации
- Aquanet AP40-04 Galaxy Black с верхним водопадом, 6 г/м форс, алюминий/мат черный 00237439 Инструкция по установке