Bosch GPB 18V-5 C без аккумулятора и ЗУ 06014A4000 Инструкция к товару онлайн [176/243] 862008

Bosch GPB 18V-5 C без аккумулятора и ЗУ 06014A4000 Инструкция к товару онлайн [176/243] 862008
176 | Македонски
Употреба
u Заштитете го радиото од директен контакт со вода.
Навлегувањето на вода во радиото го зголемува
ризикот од електричен удар.
u Капаците на преградата за батерии, преградата за
приклучоци и приклучоците за наизменична струја
држете ги затворени. Затворените капаци го штитат
радиото од вода и прав.
Режим на аудио
Вклучување/исклучување
За вклучување на радиото притиснете на копчето за
вклучување/исклучување(15). Екранот се активира(16)
и се репродуцира аудио изворот поставен при
последното исклучување на радиото.
За исклучување на радиото одново притиснете го
копчето за вклучување/исклучување(15). Актуелната
поставка на аудио изворот се зачувува.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска
гласност.
За да ја зголемите гласноста свртете го копчето
Clock(14) (GPB18V‑5C) одн. копчето Menu(22)
(GPB18V‑5SC) во правец на стрелките од часовникот, а
за намалување на гласноста свртете го во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста се појавува со вредноста
помеѓу 0 и 30 на екранот. Пред подесувањето или
менувањето на радиостаницата поставете ја гласноста на
пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио
извор поставете ја на средна вредност.
За исклучување на тонот можете кратко да го притиснете
копчето Mute(12). На екранот се појавува приказот
Исклучување на звукот(f).
За повторно да го вклучите тонот, повторно кратко
притиснете го копчето за нечујно или свртете го копчето
Clock(14) (GPB18V‑5C) одн. копчето Menu(22)
(GPB18V‑5SC) во правецот на стрелките од часовникот.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радиото има
вграден изедначувач.
Нивото на висок тон и басот можете да ги промените
рачно или да ги користите претходните подесувања на
бојата на тонот за различни стилови музика. Може да ги
изберете претходно програмираните поставкиJAZZ,
ROCK, POP иCLASSIC како и самопрограмирачката
поставкаCUSTOM. Поставките на звукот одделно се
зачувуваат за секој аудио извор.
За да изберете некое од зачуваните претходни
подесувања за бојата на тонот, кратко притискајте на
копчето Equalizer(20) додека на екранот не се појави
саканата поставка во приказот за претходни подесувања
за бојата на тонот(i).
Промена на поставкатаCUSTOM:
Можете да го поставите нивото на висина и длабочина
на звукот во опсег од −5 до +5.
Притискајте на копчето Equalizer(20) подолго од
0,5s. На приказот за претходни подесувања за бојата
на тонот(i) на екранот се појавуваCUSTOM.
GPB18V‑5C: На приказот за висок тон/бас(d) се
прикажуваTRE, актуелната вредност на нивото на
висок тон трепка. Притиснете го копчето Clock(14), за
да го промените нивото на висок тон. Притискајте го
копчето Clock(14), за да ја зачувате поставената
вредност.
На приказот за висок тон/бас(d) сега се прикажува
BAS како и актуелната вредност на басот. Променете
го и зачувајте го нивото на бас како што е опишано за
високиот тон.
GPB18V‑5SC: На мултифункционалниот приказ(k) се
прикажува<Treble> и актуелната вредност на нивото
на висок тон. Притиснете го копчето Menu(22), за да
го промените нивото на висок тон. Притискајте го
копчето Menu(22), за да ја зачувате поставената
вредност.
На мултифункционалниот приказ(k) сега се
прикажува<Bass> како и актуелната вредност на
басот. Променете го и зачувајте го нивото на бас како
што е опишано за високиот тон.
По зачувување на поставката за бас одн. 10s по
последното притискање на копчето Clock(14)/копчето
Menu(22) радиото се враќа на стандардниот приказ на
екранот.
Бирање на аудио извор
За да изберете аудио извор притискајте го копчето
Source(18) додека на екранот не се прикаже саканиот
внатрешен одн. надворешен аудио извор:
DAB: дигитално радио преку DAB+ (GPB18V‑5SC),
FM: аналогно радио преку FM,
AUX: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер)
преку 3,5mm конекторAUXIN(10) во преградата за
медиумски датотеки,
: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон)
со врска преку Bluetooth®.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот
аудио извор(h) одн. приказот Bluetooth®(g).
Поставување/зачувување на DAB+-радио станица
(GPB18V‑5SC)
За избор на радио станици со аудио извор DAB+
притискајте го копчето Source(18) додека во приказот
аудио извор не се појави(h)DAB.
По кратка иницијализација, се репродуцира последната
поставена радио станица.
Името на станицата се појавува во горниот дел од
мултифункционалниот приказ(k). Кои дополнителни
информации ќе се прикажуваат во долниот дел од
мултифункционалниот приказ, може да се постави во
функцијата на менито.
1 609 92A 7T0 | (27.05.2022) Bosch Power Tools

Похожие устройства

Скачать