Bosch GAS 12 V Соло 06019E3000 [85/119] Монтажа

Bosch GAS 12 V Соло 06019E3000 [85/119] Монтажа
Македонски | 85
Bosch Power Tools 1 609 92A 2NK | (12.7.16)
Не го чистете вшмукувачот со директно насочен
млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел на
вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Отворот за вшмукување и процепите за вентилација
не смеат да се затвораат, покриваат или затнуваат.
Со ова се гарантира правилна употреба на уредот.
Не вшмукувајте предмети со остри рабови како на
пр. парчиња скршено стакло, клинци, камења, игли
или жилети. Со тоа ќе се осигурате дека нема да се
оштети филтерот.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно
дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Вшмукувачот е наменет за вшмукување и издувување на
материјали што не се опасни по здравјето и суви
материјали.
Користете го
вшмукувачот само
доколку сте доволно информирани за неговата
употреба. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста
од погрешна употреба и повреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Копче за отклучување на комората за прав
2 Копче за вклучување-исклучување
3 Приказ за наполнетоста на батеријата
4 Дршка
5 Батерија*
6 Отвори за вентилација
7 Куќиште на моторот
8 Комора за прав
9 Млазница за фуги
10 Отвор за вшмукување
11 Преграда за батеријата
12 Копче за отклучување на батеријата
13 Отвор
14 Дихтунг за филтерот
15 Филтерска единица
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите наведени на
страниците со опрема. Само овие полначи се
соодветни за литиум-јонската батерија која се користи
за вашиот вшмукувач.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Батериски вшмукувач за суви
материјали
GAS 12V
Број на дел/артикл
3 601 JE3 0..
Волумен на резервоарот
l0,4
макс. потпритисок
хПа 45
макс. количина на проток
л/с 15
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
кг 0,88 –1,1
Дозволена температура на
околината
–при полнење
–при работа
*
и при складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии GBA 12V...
GBA 10,8V...
Препорачани полначи
GAL 12.. CV
AL 11.. CV
граничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
OBJ_BUCH-2925-001.book Page 85 Tuesday, July 12, 2016 10:50 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать