Philips S7370/12 [302/602] Македонски

Philips S7370/12 [302/602] Македонски
Приказ
Полнење
Индикатор за наполнетост на батерија со
3 светилки
- Полнењето одзема прибл. 1 час.
- Брзо полнење: Кога апаратот е вклучен
во струја, светилките од индикаторот за
наполнетост на батеријата ќе засветат една по
друга во континуитет. Кога уредот ќе поседува
доволно енергија за едно бричење, долната
светилка од индикаторот за наполнетост на
батеријата ќе започне да трепка бавно.
- Доколку го оставите апаратот вклучен во
струја, процесот на полнење ќе продолжи.
Како знак дека апаратот се полни, најпрво
долната светилка ќе затрепка и ќе засвети во
континуитет. Потоа и втората светилка ќе
затрепка и ќе засвети во континуитет, и с така
додека апаратот не се наполни целосно.
Индикатор за наполнетост на батерија со
1 светилка
- Полнењето одзема прибл. 1 час.
- Брзо полнење: Кога апаратот не содржи
доволно енергија за едно бричење,
индикаторот за наполнетост на батеријата
ќе затрепка брзо. Кога индикаторот за
наполнетост на батеријата ќе започне да
трепка бавно, тоа значи дека апаратот содржи
доволно енергија за едно бричење .
МАКЕДОНСКИ302

Содержание

Похожие устройства

Скачать