Gorenje MO-20 MGW Инструкция по эксплуатации онлайн [32/113] 19953
![Gorenje MO-20 MGW Инструкция по эксплуатации онлайн [32/113] 19953](/views2/1021136/page32/bg20.png)
32
а) Внимавајте да не ја преварувате храната. Ако во печката се присутни запални
материјали за полесно готвење, на пример хартија или пластика, внимателно следете го
процесот на печење.
б) Пред да ставите ќесе во печката, отстранете ги затворачите од жица.
ц) Ако се запали внатрешноста на печката, оставете ја вратата затворена, исклучете ја
печката од штекер или прекинете ја електричната струја со помош на главниот
прекинувач.
Безбедносни упатства за општа употреба
Во продолжение наведуваме неколку општи правила што, како и за сите апарати, треба да се
почитуваат за да обезбедат најдобро работење на печката.
1. Кога ја употребувате печката, стаклената подлога, рачката на моторот, склопката, како и
лежиштето-обрач треба да бидат секогаш наместени.
2. Печката употребувајте ја само за подготовка на храна, а никогаш за, на пример, сушење
облека, хартија или други непрехранбени производи или за стерилизација.
3. Не активирајте ја печката кога е празна бидејќи со тоа можете да ја оштетите.
4. Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, а особено не списанија, книги за готвење и
сл.
5. Не користете ја печката за зимница, т.е. за конзервирање храна бидејќи микробрановите
печки не го овозможуваат тоа. Несоодветно конзервираната храна може да се расипе, а
нејзиното консумирање е опасно.
6. Не варете јајца со лушпа бидејќи може да пукнат. Може да се случи при варење да пукне и
излупено јајце. Секогаш гответе ги покриени, а по завршувањето почекајте минута пред да
го отстраните капакот.
7. Не гответе храна обвиткана со мембрана, како жолчки, компир, пилешки џигер и сл.
доколку претходно не ја продупчите обвивката на повеќе места со виљушка.
8. Не ставајте ништо во отворите на надворешното куќиште.
9. Никогаш не отстранувајте поединечни делови од печката, н.пр. нозе, спојки и сл.
10. Не гответе храна директно врз стаклената подлога. Храната се става во/на соодветен сад.
ВАЖНО - КУЈНСКИ ПОМАГАЛА ШТО НЕ СМЕАТ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО
МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
- Не употребувајте метални садови или лонци со метални дршки.
- Не употребувајте ништо со метален раб или украс.
- Не употребувајте затворачи за пластични ќесиња од жица, прекриени со хартија.
- Не употребувајте садови од меламин, тој содржи материјал што ја апсорбира
микробрановата -енергија. Поради тоа храната може да пукне или да загори, а времето на
готвење ќе биде подолго.
- Не употребувајте садови и шишиња со тенко грло бидејќи при загревањето во
микробранова печка може да пукнат.
- Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки, постојат специјални термометри
за микробранова печка што може да ги користите.
11. Помагалата за микробранова печка користете ги со почитување на упатствата од нивните
производители.
12. Не обидувајте се да пржите храна во микробранова печка.
13. Не заборавете дека микробрановата печка ја загрева само течноста во садот или во
чашата, а не и садот. Затоа и во случај кога капакот или садот не се жешки на допир,
храната, т.е. течноста ќе ослободува пареа или ќе врие кога ќе ја извадите од печката, исто
како и при нормално готвење.
14. Секогаш сами проверете ја температурата на подготвената храна, а особено ако загревате
или готвите храна и пијалак за децата. Препорачуваме никогаш да не консумирате храна
или течност непосредно по нејзиното вадење од печката, туку да почекате неколку минути
и да промешате за да се распредели рамномерно топлината.
Похожие устройства
- Makita HP 2033 Инструкция по эксплуатации
- Zanussi ZKT 662 H alu Инструкция по эксплуатации
- AEG F65000IM0P Инструкция по эксплуатации
- Gorenje CMO-200 DS Инструкция по эксплуатации
- LG KF300 Gold Инструкция по эксплуатации
- Hyundai H-1401 White Инструкция по эксплуатации
- Ariston Platinum SI 150 T Инструкция по эксплуатации
- Makita 8406 Инструкция по эксплуатации
- Zanussi ZKT 662 Инструкция по эксплуатации
- Hyundai H-1401 Green Инструкция по эксплуатации
- AEG F55402VI0P Инструкция по эксплуатации
- LG GX200 Black Инструкция по эксплуатации
- Gorenje CMO-200 DW Инструкция по эксплуатации
- Ariston Platinum SI 200 M Инструкция по эксплуатации
- Makita 8406 C Инструкция по эксплуатации
- LG GS107 Silver Инструкция по эксплуатации
- Hyundai H-1434 Black Инструкция по эксплуатации
- AEG F65000VI0P Инструкция по эксплуатации
- Gorenje CMO-200 DWII Инструкция по эксплуатации
- Zanussi ZKT 641 LN Инструкция по эксплуатации
Скачать
Случайные обсуждения