Makita DJV180Z [43/72] Одржување

Makita DJV180Z [43/72] Одржување
43
За да ја монтирате лизгачката основа, ставете
ја во лизгачката основа на правоаголната дупка
на страната на основата, со насочувачот на
лизгачката основа свртен надолу. Ставете ја
циркуларната насочувачка игла преку една од
двете дупки на насочувачот на основата.
Навртете го копчето со навој за да ја
прицврстите иглата.
Излизгајте ја лизгачката основа до позицијата
на посакуваната ширина, потоа зацврстете ја
навртката за да ја прицврстите. Потоа,
поместете ја основата целосно нанапред.
НАПОМЕНА:
Секогаш користете ги ножевите бр. B-17, B-18,
B-26 или B-27 кога сечете кругови или сводови.
Комплет адаптер за шина-водилка
(додаток)
Слика27
Кога сечете паралелна и иста широчина или сечете
право, користењето на шината-водилка и адаптерот
на шината-водилка ќе осигури правење на брзи и
прецизни пресеци.
За да го монтирате адаптерот на шината водилка,
ставете ја водечката шипка во квадратестата дупка
на основата до крај. Прицврстете ја навртката со
имбус
-клучот.
Слика28
Монтирајте го адаптерот на шината-водилка на
шината на шината-водилка. Вметнете ја водечката
шипка во квадратестата дупка на адаптерот на
адаптерот на шината-водителка. Ставете ја основата
на страна на шината-водилка и зацврстете ја
навртката.
Слика29
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете ножеви B-8, B-13, B-16, B-17
или 58 кога се користи шината-водилка и
адаптерот на шината-водилка.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали алатот е исклучен и
батеријата е извадена.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
Замена на јагленските четкички
Слика30
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките чисти
за да влегуваат во држачите непречено. Двете
јагленски четкички треба да се заменат истовремено.
Користете само идентични јагленски четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете
ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
Слика31
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен
центар на Makita.
Ножеви на циркуларната пила
Имбус-клуч 4
Комплет лизгачка основа (водечка шипка)
Комплет адаптер за шината-водилка
Комплет водечка шипка
Уред против распукување
Покривна плоча
Распрскувач на прашина
Оригинална батерија и полнач Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може да
се разликува од земја до земја.

Содержание

Скачать