Bosch Quigo III 0603663521 [118/182] Совети при работењето

Bosch Quigo III 0603663521 [118/182] Совети при работењето
118 | Македонски
1 609 92A 2ZT | (23.6.16) Bosch Power Tools
проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија кон ѕидот во однос на референтните точки, за да се избегнат грешки.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само средината на
ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со
оддалечувањето.
Прицврстување со држач (види слика A)
Со помош на држачот 16 може да го прицврстите мерниот уред на различни
предмети со дебелина од 10 до 60 мм, напр. на вертикални или
хоризонтални даски или цевки.
Олабавете го шрафот за прицврстување 15 на држачот, поставете го
држачот на саканото место и повторно затегнете го шрафот за
прицврстување.
Поставете го мерниот уред со прифатот на стативот 6 на 1/4"-шрафот 13 на
држачот и прицврстете го силно на држачот. Не претерувајте со затегањето
на мерниот уред, бидејќи може да се оштети.
Грубо центрирајте го држачот, пред да го вклучите мерниот уред. Олабавете
го шрафот за фиксирање 14 на држачот и движете го мерниот уред во
хоризонтална позиција на саканата висина. Повторно зацврстете го шрафот
за фиксирање.
Исто така можете мерниот уред да го прицврстите за држачот со адаптер-
плочата 3.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по
висина. Поставете го мерниот уред со прифатот за статив 6 на 1/4"-навој на
стативот и зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
OBJ_BUCH-2639-003.book Page 118 Thursday, June 23, 2016 2:10 PM

Содержание

Скачать
Случайные обсуждения

Ответы 0

Как разобрать
6 месяцев назад

Ответы 1

Как заменить батарею?
4 года назад

Ответы 1

Замена батареек
3 года назад