Bosch GNA 18V-16 [130/183] Вадење на батеријата

Bosch GNA 18V-16 [130/183] Вадење на батеријата
130 | Македонски
Технички податоци
Резач GNA 18V-16
Број на дел/артикл
3601E295..
Номинален напон V= 18
Број на работни одови во
празно n
0
min
−1
1400
макс. дебелина на лимот за
сечење
A)
mm 1,6
Ширина на линијата на
сечење
mm 5
најмал радиус на кривина mm 40
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
kg 2,2−3,0
B)
дозволена околна температура
при полнење °C 0…+35
при работење
C)
и при
складирање
°C −20…+50
препорачани
акумулаторски батерии
GBA 18V…
ProCORE18V…
препорачани полначи GAL 18...
GAX 18...
GAL 36...
A) се однесува на челични лимови до 400N/mm
2
B) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури <0 °C
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841‑2‑8.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето соA,
типично е помало од 70dB(A). Нивото на звучниот
притисок при работењето може да ги надмине
наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN62841‑2‑8:
a
h
= 7m/s
2
, K = 1,5m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
Батеријата(1) има два степени на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата(2).
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата(1) притиснете на копчињата
за отворање на батеријата(2) и извлечете ја батеријата
од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
1 609 92A 501 | (25.06.2019) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать