Bosch GWS 9-125 (0601396022) [208/288] Опис на производот и моќноста

Bosch GWS 9-125 (0601396022) [208/288] Опис на производот и моќноста
208 | Македонски
1 609 92A 3EC | (17.2.17) Bosch Power Tools
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
раб
отењето стануваат многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и
вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Копче за блокирање на вретеното
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Копче за контрола на бројот на вртежи
(GWS 9-115 S/GWS 9-125 S)
4 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
5 Комбиниран клуч за брусното вретено M 14*
6 Вретено за брусење
7 Заштитна хауба за брусење
8 Шраф за фиксирање на заштитната хауба
9 Приклучна прирабница со O-прстен
10 Брусна плоча*
11 Стезна навртка
12 Брзозатезна навртка *
13
Лончеста плоча од цврст метал*
14 Заштитна хауба за сечење*
15 Брусна плоча за сечење*
16 Заштита за дланките*
17 Гумен брусен диск*
18 Лист за брусење*
19 Тркалезна навртка*
20 Лончеста четка*
21 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Аголна брусилка GWS... 9-115 9-125 9-115 S 9-125 S
Број на дел/артикл
3 601 ... C96 0.. C96 0.. C96 1.. C96 1..
Номинална јачина
W 900 900 900 900
Излезна моќ
W 450 450 450 450
Номинален број на вртежи
min
-1
11000 11000 11000 11000
Подрачје на подесување на
бројот на вртежи
min
-1
–2800
–11000
2800
–11000
макс. дијаметар на брусните
плочи
мм 115 125 115 125
Навој на вретеното за
брусење
M 14 M 14 M 14 M 14
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
OBJ_BUCH-3020-001.book Page 208 Friday, February 17, 2017 9:19 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать